Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Попусто „ТНТ“ доби предност пред „Монструм“- судењето најверојатно се враќа на почеток

Попусто судијата Огнен Ставрев го стави „ТНТ“ пред „Монструм“, судењето за рушењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Попусто судијата Огнен Ставрев го стави „ТНТ“ пред „Монструм“, судењето за рушењето на Космос на Фијат Цаноски, најверојатно почнува од почеток. Одбраната уште на стартот на рочиштето посочи дека истото не смее да се одржи, бидејќи синоќа на полноќ истекол мандатот на судијата поротник Лилјана Ивановска Кочковска.

Обвинителот Бурим Рустеми побара раздвојување на постапката за Миле Јанакиески, Елизабета Најдовска и Никола Груевски. Адвокатите на обвинетите предупредија дека Судечкиот совет со моменталните членови не смее да одлучува со оглед на тоа што покрај Ивановска Кочковска, законски мандатот завршил и на Марија Кондовска. Дека случајот најверојатно се враќа на почеток свесен е и Рустеми, чие барање за раздвојување на постапка беше одбиено.

-Ја почитуваме одлуката на судот и најверојатно ќе се започне постапката од почеток. Ќе трае одреден временски период, изјави Рустеми.

Реклама

Рустеми вели дека одлуката на судот била погрешна. Пред истата да биде донесена обвинетиот Миле Јанакиески порача дека таа може да се прифати, ако Обвинителството има цел да му ја скине главата.

-Ако Тони се издвои од овој настан нема да се дознае вистината. Јас имам многу прашања за Тони. Ако Обвинителството има цел да му ја скине главата на Миле Јанакиевски, повелете, кажа Јанакиески пред судот.

Тони Трајковски денеска повторно не се појави во судот, неговиот адвокат Јовица Страшевски кажа дека неговата состојба била многу лоша. Поранешниот градоначалник на Гази Баба едвај говорел, синоќа повторно бил примен на Ургентен, а утринава на Неврохирургија. Страшевски порача дека очекува Судскиот совет да констатира престанок на мандатот на двете судијки поротнички.

-Многу беше влошена состојбата, буквално беше во несвесна состојба, некомуникативен. Сега пред малку добивме информација дека состојбата се подобрува, е во свесна состојба, не е се уште многу комуникативен, меѓутоа е на подобрување. Не е моја работа да ги коментирам одлуките, меѓутоа има поднесено иницијатива и до републички Судски совет и претседателот на судот Иван Џолев, дека мандатот е истечен на двете поротнички, така да што ќе одлучат не е мое да коментирам. Законски би требало да им престане мандатот, изјави Страшевски.

Огнен Ставрев следното рочиште за случајот „ТНТ“ го закажа за 17-ти јануари 2020-та година.

Матеја Петровски