Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Афера „Жолто комбе 2“: Обвинителството нема одговор

Прислушувањето во странски земји од страна на лица вработени во УБК е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прислушувањето во странски земји од страна на лица вработени во УБК е кривично дело, вели за Алфа поранешниот директор во УБК, Горан Митевски. Според него, овие лица, за кои постојат индиции дека биле дел од меѓународна операција, не смееле да делуваат надвор од границите на земјава, оти таква надлежност имале само вработените во Агенцијата за разузнавање.

„Очигледно поплодно тло нашле кај премиерот Заев и кај министерот Оливер Спасовски бидејќи во периодот за кој разговараме УБК е дел од МВР. И од тие причини на роа највисоко ниво сметам дека е договорена целата меѓународна операција во соработка со странска партнерска служба“, вели Горан Митевски – поранешен директор во управата за безбедност и контраразузнавање.

Митевски смета дека овој случај кој е нарачан од трета земја која не е членка на еу и нато а се случувал и во земји на европската унија треба да заврши со судска пресуда.

Реклама

„Додека СДСМ беше во опозиција и Заев беше претседател на најголемата опозициона партија, секој ден го слушавме како кажува дека ќе дојде време кога судовите ќе ја добијат својата улога, дека обвинителството како трета независна власт нема да има мешање, дека нема никој од судот да се јавува да реферира кај премиерот. Меѓутоа сега имаме случаи да се среќаваат неговите адвокати по бензински пумпи со обвинители, кои се далеку од независност на правосудната власт“, вели Митевски.

Извори за Алфа велат дека уште во април, секторот за внатрешна контрола во МВР го „спакувал“ случајот и го испратил во обвинителството, но осум месеци јавноста не дозна дали воопшто се работело на предметот. Од Обвинителството и денеска нема одговор до каде е пред истражната постапка по пријавата.

За аферата „Жолти комбиња 2“ пред неколку дена алармираше и пратеничката Фросина Ременски, осомничена во случајот Рекет. Таа ги повика новинарите да истражат колку жолти комбиња има во земјава и за чии интереси тие работат?

Случајот кој ја разбранува јавноста се однесува на вработени во УБК, за кои постојат индиции дека со месеци не оделе на работа и со ресурси на МВР, со добро опремени комбиња оделе во десетина земји членки на ЕУ и НАТО и прислушувале за трета земја која не е дел од Евро-атланските структури. Засега никој официјално не кажува за која земја се работи.

Биљана Божиновска