Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Во Медицинскиот симулациски центар реализирани повеќе од 7.500 обуки на доктори

Повеќе од 7.500 обуки на доктори и други здравствени работници се реализирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 7.500 обуки на доктори и други здравствени работници се реализирани во просториите на Медицинскиот симулациски центар во Скопје, како и во неговите подрачни единици во Велес, Штип, Струмица, Прилеп, Охрид, Тетово и Гостивар.

-На обуките се спроведуваат посебни модули во зависност од тоа што работат учесниците. Има посебен модул за вработените во службите во Итната медицинска помош, обуки за специјализанти, педијатри, неонатолоз, изјави директорот на Медицинскиот симулациски центар, Киро Салвани пред почетокот на одбележувањето на петгодишнината од постоењето на оваа установа.

Во просториите на Медицинскиот симулациски центар, посочи тој, имаме специјални фантоми (кукли за вежбање) во зависност од модулот и тоа за гинекологија, имаме модули бебиња, мали деца, возрасни, кои се многу софистицирани и на кои може да се симулираат низа сценарија.

Реклама

– Околу 700 сценарија може да се симулираат кај тие фантоми во зависност од гранката на медицина од каде што доаѓаат тие што се обучуваат. Имаме обука на лица вон болничка Итна медицинска помош и за болничка медицинска помош. Се спроведуваат и протоколи за пореметувања, разни болести, на пример за инфаркт, аритмии, за мозочен удар. Протоколите се спроведуваат при обуките и во теоретскиот дел, а има и практичен дел кој се изведува на фантомот, потенцира Салвани.

Додаде дека има тестирања на почетокот на обуката и по нејзиното завршување, за да утврдат со какво знаење се стекнале тие што се обучувале.

Претседателот на Управниот одбор на Медицинскиот симулациски центар, Игор Кафтанџиев рече дека преку симулација, практично познавање и практикување на одредени вештини низ различните модули на едукација се придонесува за создавање обучени и квалитетни доктори и други медицински работници, што е основната идеја на постоењето на институцијата.

– Сите тие кои се вклучени во работата на Медицинскиот симулациски центар со силна поддршка од неговите основачи ќе придонесат институцијата да се развива и да го прошири своето делување со што ќе стане уштге попрепознатлива не само во земјата, туку и во регионот, додаде д-р Кафтанџиев.

(Извор: МИА)