Реклама

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Македонија

СДСМ го враќа во игра одложувањето на изборите

Иако датумот за избори политичките лидери веќе го договорија власта повторно на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако датумот за избори политичките лидери веќе го договорија власта повторно на маса ја става опцијата за одложување на изборното соочување. Министеркиата за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за 360 степени остава можност предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 Април да се одложат. Причина за тоа според неа  би била доцната ратификација на протоколот за НАТО во шпанскиот парламент по изборите во оваа земја.

“Во моментот кога ќе ги имаме сите податоци тогаш треба да носиме одлуки. Се помеѓу ќе биде шпекулирање – што би било кога би било. Прв приоритет ни е тоа што тешко го спечаливме да не го испуштиме од рака. На сите членки на НАТО им се јавувавме, ги молевме по специјални процедури да забрзаат со ратификациите и неодговорно ќе биде тогаш кога топката ќе прејде на наша страна од теренот, ние да кажеме: сега сме ние на пауза три-четири месеци”, вели Шекеринска.

Опозицијата е против одложување на изборите. Оттаму велат дека ако тоа се случи ќе биде доказ за паниката кај власта поради слабиот рејтинг.

Реклама

“Па не верувам дека власта сама може да одлучи да ги одложи изборите. Секако тоа е се можно со власта на Зоран Заев, меѓутоа од друга страна тоа само ја покажува паниката, стравот и она што значи реалност во нивните сознанија каква е состојбата и дека изборите ќе ги изгубат и тоа со огромно мнозинство”, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Опцијата за одложување власта до сега неколку пати ја спомена. Премиерот Заев рече дека би било недозволиво откако ратификацијата ќе помине во парламентите на земјите членки на алијансата, Македонија да нема собраниски состав кој тоа би го потврдил. ВМРО-ДПМНЕ пак стои на тезата дека собранието и кога е распуштенои  може по потреба да биде свикано. Тоа го пренеле и уставни експерти на последната лидерска средба кај пендаровски.

Случајот со Црна Гора е преседан при зачленувањето во НАТО. Тамошниот парламент го ратифиукуваше протоколот пред Шпанија. Шекеринска е запознаена за преседанот но не отфрла ниту една опција.

 

Градимир Марковски