Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Бојковски: Се обидоа да ме заплашат и омаловажат зошто пријавив функционер за рекет

Затворената фирма не била единствениот удар на институциите што на своја кожа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затворената фирма не била единствениот удар на институциите што на своја кожа ја почувствувал Марјан Бојковски, сопственикот на Гео фарм кој пријавил дека луѓе од Агенција за лекови му бараат мито за да му дадат дозвола за интервентен увоз.

Дузина кривични дела му ставиле на товар и од МВР, па во март 2018 му пишуваат пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“, „даночно затајување“ и „фалсификување исправа“, Бојковски не знае до каде е постапката со оваа пријава оти ниту го повикале во полиција, ниту бил на распит во обвинителство иако оттогаш има поминато година ипол.

– Дали тоа беше очекувано?
– Да. Кривичната пријава беше по неколку основи, а за еден ист случај. Имаше неколку нејаснотии, зошто данокот на ДДВ се пријавува до 25 – ти, во Книговодство отишле на 10 – ти и барале документи… дека јас не сум ги пријавил во Книговодство и не се книжени, па така тие по сите основи максимално за да ме омаловажат, да ме заплашат, со било какви други уцени за да престанам да барам отчет за поднесената пријава – објаснува Марјан Бојковски, сопственик на Гео фарм.

Реклама

– А има некаов исход по таа кривична пријава? Бевте на распит, се води некаква постапка во Суд против вас?
– Не, во Обвинителство не сум бил. Дојдоа само вешти лица по економски вештачења, ги собраа сите документи и се чудеа по кој основ ми поднеле кривичнапријава. – додава Марјан Бојковски.

„Гео фарм“ е затворена скоро две години, инспектори од Агенцијата ја затвориле веќе следниот ден откако во економски криминал во МВР пријавил дека му бараат мито од Агенција за лекови во износ на околу 48.000 евра, за што Бојковски се сомнева дека некој дошепнал оти митаџиите ги пријавил во полиција.

– Што е потребно за да пријавите мито?

– Треба повеќе работи, две се најбитни.Прво храброст а второ поддршка.Храброста која ќе ти ја каже цената која треба да ја исплатиш се собира а поддршката и кога ше ти дадат може да те извисат, вели Бојковски.

За затворената фирма за која тврди дека функционирала законски води постапка пред Управен суд. За митото се води постапка во обвинителството за организиран криминал, но не се надева дека ќе има правна разрешница во негова корист.

Катерина Гетева