Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Кескоски: Ако не се донесе законот за извоз на цвет од канабис ќе има протести

Ако не се донесе законот за опојни дроги компаниите што се занимаваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако не се донесе законот за опојни дроги компаниите што се занимаваат со производство на медицински канабис ќе протестираат, а има план и за тужби, вели за Алфа Златко Кескоски, првиот што отвори бизнис со канабис во земјава.

– Имаме одлука на Здружението дека како што кажа и Дуковски, претседателот на Здружението, дека ние ќе преземеме порадикални мерки. Првенствено е да направиме протести и ќе направиме протести со сите вработени бидејќи верувајте дел од нашиве колеги имаат веќе испуштање од работа. Нема што да прават. Растат три години, дел екстахираат, меѓутоа она што го растат и она со кое што можат да се справат, фидбекот назад, создаваат само оперативни трошоци секојдневно, немаат можност да излезат на европскиот пазар, изјави тој.

Ако протестот не вроди со плод, 70 проценти од компаниите странски капитал веќе се подготвени да тужат, вели Кескоски.

Реклама

-Ако нема придобивка од овие порадикални мерки, сите оние коишто имаме странски капитал во фирмите, а грото од нив се над 70%, се спремни да тужат. Сите имаат комуникација со амбасадите од каде што доаѓаат. Ви го кажувам она што е дискутирано на состанок на Здружението, сите оние коишто имаат странска инвестиција, а комуницираат со сопствените амбасади – една и втората мерка е да поднесат тужба во Меѓународен Суд, дециден e Кескоски.

Според Кескоски цветот од канабис мора да се ослободи за извоз поради тоа што компаниите кои власта ги стимулирала, се спремале за извоз на цвет, ама не и за екстракција и природен производ.

Тој тврди дека Владата на СДСМ ги насочила компаниите и ги стимулирала кон тој правец пред една година и 4 месеци со донесување на Закон и со изјави на премиерот и министрите.

За волја на вистината, власта направи обид за да се забрза процедурата во однос на донесување на законот со ставање на европско знаменце под изговор оти усогласување со евроските регулативи било неоходно, но по притисоците од јавноста, предлагачот, министерството за здравство, го повлече законското решение. Следеше образложение од министерот за здравство Филипче, оти предлог законот е повлечен поради усогласување на уште неколку работи со здруженијата, и вети дека истиот набрзо повторно ќе влезе во законска процедура.

Сања Трајковска Ставров