Реклама

„Безбеден град“ ги откри најслабите точки на возачите, брзото возење убедливо на врвот

1.500 нови боди камери за полицијата – пренос во живо од секоја акција и директна врска со командниот центар

Патиштата се проодни по првиот снег, следува силен студ со температури под нулата

Вонреден состанок на градежниците: Се бараат практични решенија за владиниот план за поевтини станови за млади

Штипско Ново Село ќе прерасне во музеј на отворено

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Прилози

1.500 нови боди камери за полицијата – пренос во живо од секоја акција и директна врска со командниот центар

1.500 најсовремени нови боди-камери за полициските службеници, плус системи за видеонадзор во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

1.500 најсовремени нови боди-камери за полициските службеници, плус системи за видеонадзор во полициските возила. Напредни уреди со сензор од 5 мегапиксели, агол на снимање од 160 степени и батерија што може да издржи цела полициска смена. Директен пренос на видео и аудио до командниот центар, двонасочна комуникација со полициските службеници, ГПС-локација и превод на разговори на повеќе од 40 јазици. На овој начин, преку телесните камери во реално време ќе може да се следи секоја интервенција на полицијата, а снимките ќе претставуваат и дополнителен доказен материјал за понатамошни постапки. Планот на МВР е овој најнов проект да профункционира до средината на следната година.

Новата опремата е од американската компанија „Аксон“ (Axon),и ќе биде дистрибуирана преку нејзиното претставништво во Германија

Соработката со американската компанија ја најавија министерот Тошквски пред еден месец по посетата на САД. По примерот на полицскиот модел во Мајами ќе се опремува и македонската полиција со користење на видео надзор и помош од вештачката интелигенција.

Реклама

Целта е полицијата да добива информации побрзо, подобро да ги координира интервенциите и, преку анализа на податоците, да ги препознава безбедносните ризици и да планира превентивно дејствување. Ова го потврди Тошковски, кој рече дека паралелно се работи и на проектот за воспоставување видео повик за семејно насилство со МВР и ЦУК и на тој начин ќе се документира што се случува кога жртвата бара помош.

  • „Полициските службеници не ни сакаат да преземаат дејствија без да имаат боди камера на нив, бидејќи многупати „боди“ камерата покажала праведност кај нивното постапување, кај оние професионалците, но многупати камерата покажала незаконито постапување кај оние непрофесионалците – ова е вин-вин решение.. Во моментов се тестира во Велес“ рече Тошковски на 27.11.2026.

Државата веќе располага со ваков тип опрема, но од претходната генерација, односно околу 800 камери кои се поставуваат на телото, добиени пред четири години како донација од Амбасадата на САД. Дел од нив со текот на времето биле оштетени, а дополнителен проблем бил и недостигот од соодветен софтвер за пренос на снимките во живо. Минатата година биле набавени резервни делови, а камерите сега се сервисираат за повторно да бидат ставени во функција.

Нови камери ќе има и во полициските возила. Тие пак ќе бидат поврзани со системот „Сејф сити“ и ќе снимаат што се случува пред возилото и во неговата внатрешност.

Дополнително МВР планира и околу 4-те илјади постојни камери, поставени на патарините, граничните премини, во градовите, болниците, училиштата и спортските објекти, да ги поврзе преку посебни уреди и да им овозможи напредни аналитички функции. Дел од нив ќе можат автоматски да читаат регистарски таблички и да анализираат одредени настани и ситуации. Сите дигитални системи треба да бидат интегрирани во Главниот команден центар во Бирото за јавна безбедност и во секторите за внатрешни работи.