Реклама

„Безбеден град“ ги откри најслабите точки на возачите, брзото возење убедливо на врвот

1.500 нови боди камери за полицијата – пренос во живо од секоја акција и директна врска со командниот центар

Патиштата се проодни по првиот снег, следува силен студ со температури под нулата

Вонреден состанок на градежниците: Се бараат практични решенија за владиниот план за поевтини станови за млади

Штипско Ново Село ќе прерасне во музеј на отворено

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Прилози

Патиштата се проодни по првиот снег, следува силен студ со температури под нулата

Пристигнаа првите снежни поздрави во Скопје, а бела покривка ги освои и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пристигнаа првите снежни поздрави во Скопје, а бела покривка ги освои и планмините низ Македонија. Од Скопска Црна Гора до Шара, Маврово и Крушево, снегот почна да ја испишува својата бела приказна. Македонските патишта се проодни, а возачите возат низ снегот без препреки.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и работат на расчистување на снегот. Од таму посочуваат дека досега нема пријави за посериозни проблеми на патиштата, а екипите интервенираат веднаш каде што е потребно.

„Апелирам на трпеливост при возењето, граѓаните да ги почитуваат сообраќајните знаци и да внимаваат на условите, да не тргнуваат со летни гуми и да имаат зимска опрема.“ – вели Александар Шуковски, заменик директор на ЈП „Македонија пат“.

Реклама

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека снежната идила низ градот нема да потрае долго. Во наредните денови Македонија ја очекува сонце со ниски температури кој ќе се лизнат под нулата речиси насекаде.

„Од вторник па се до петок ќе имаме ведри и многу студени утра со негативни температури кои што на места ќе се спуштат и до -15, -16 степени и во следните денови наутро ќе има појава на мраз и голомразица.“ – вели Јулијана Фиданоска Мишкоска, синоптичар во УХМР.

По најавите за снежни врнежи, Град Скопје подготвено го дочекаа првиот зимски снег. Екипите на зимската служба превентивно интервенираа на градските сообраќајници, а особено на повисоките делови од градот. Од Градот најавија дека екипите ќе останат на терен со цел улиците да останат проодни и безбедни.