Реклама

„Безбеден град“ ги откри најслабите точки на возачите, брзото возење убедливо на врвот

1.500 нови боди камери за полицијата – пренос во живо од секоја акција и директна врска со командниот центар

Патиштата се проодни по првиот снег, следува силен студ со температури под нулата

Вонреден состанок на градежниците: Се бараат практични решенија за владиниот план за поевтини станови за млади

Штипско Ново Село ќе прерасне во музеј на отворено

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Прилози

Вонреден состанок на градежниците: Се бараат практични решенија за владиниот план за поевтини станови за млади

Кои и колку станови во еден новоизграден објект ќе треба да планираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кои и колку станови во еден новоизграден објект ќе треба да планираат за попуст за млади брачни парови? Дали право на купување ќе имаат и млади лица до 35 години кои не се во брак? Ова се само дел од низата дилеми кои градежниците ќе ги разгледуваат на утрешниот вонреден состанок, а се однесуваат на владината мерка со која ќе бидат обврзани да одвојат 10% од новоизградените објекти за млади брачни парови. Според претседателот на Градежната комора, владината мерка која се подготвува на „Илинденска“ за нив содржи некои недоречености, како на пример, можната злоупотреба – станот да биде купен по намалена цена, а потоа во краток рок да биде препродаден по повисока цена. Кај дел од градежниците се јавува и дилемата дали становите кои ќе бидат опфатени со мерката ќе се продаваат без основните елементи, како на пример, паркет или ламинат, или пак можеби и без вградени санитарии.

„Перцепцијата која се наметнува и се бутка со сила е апсурдна. Ако еден стан во централното градско подрачје е продаден по повисока цена поради дополнителната опрема и содржините што ги нуди, тоа не значи дека сите станови чинат толку. Ние како јавност ја гледаме само цената по квадрат, а не и што сè е вклучено во таа цена. Ако едно возило во Македонија се продаде за 400 илјади евра, дали тоа значи дека сите возила чинат толку?, изјави Ивица Јакимовски – претседател на Градежната комора.

Од Владата, пак, велат дека многу скоро ќе бидат разјаснети сите дилеми и прашања кои ги имаат градежниците за да им се помогне на голем број млади брачни парови да го решат животното прашање и да дојдат до поевтин сопствен дом. Премиерот Мицкоски најави дека во декември до Собранието ќе бидат доставени два специјални закона поврзани со стандардот на младите брачни парови, со цел мерките да почнат да се спроведуваат веќе следната година.

Реклама

„Секоја градежна компанија која во иднина ќе гради објекти за домување мора однапред да определи најмалку десет проценти од станбената површина за домување, која потоа ќе биде понудена на млади брачни парови до 35-годишна возраст по цена што ќе биде минимум 20 проценти пониска од цената што се нуди за таа катастарска општина, а која била актуелна претходната година“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Владата најави и уште една мерка за млади брачни парови, кои наместо да купат поевтин стан, ќе се одлучат да изградат сопствен дом, односно куќа. Тие ќе бидат ослободени од плаќање комуналии на општините. За градоначалниците ваквиот потег е повеќе од добредојден, иако во дел од општините веќе се спроведува слична мерка.

„Ние како општина Кисела Вода даваме ослободување од комуналии за младите брачни парови, веќе како пракса е воспоставено кај нас во општината, но убаво е тоа кога сè ќе биде системски организирано и поддржано од највисоко ниво, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска – градоначалник на Кисела Вода.

Општина Кисела Вода има донесено ваква слична мерка со која брачните парови до 40 години се ослободени од плаќање 40% од комуналиите за објекти во рамки на ГУПОТ, а целосно се ослободени од комуналии ако сакаат да изградат куќа надвор од Генералниот урбанистички план на град Скопје, но земјиштето мора да ѝ припаѓа на општината.

Од 1 декември се менуваат и условите за станбените кредити за граѓаните кои купуваат втор или трет недвижен имот. Со новите правила на Народната банка, купувачите на втор или трет стан ќе можат да добијат помал кредит, а рокот за отплата ќе биде ограничен на најмногу 25 години, наместо досегашните 30. Се намалува и дозволениот дел од месечната плата што може да се користи за отплата на кредитните рати.