Општина Неготино е подготвена за интервенција при потенцијални врнежи од снег, информираше денеска неготинската градоначалничка Марија Нацева.
– Иако моменталната состојба исклучува потреба од интервенција на терен бидејќи сите патни правци на територијата на нашата општина се проодни и сообраќајот по нив се одвива нормално и по влажни коловози, Општина Неготино ги информира граѓаните дека сè е подготвено за интервенција на терен доколку се јави потреба – соопшти Нацева.
Таа додаде дека ова во најголем дел се однесува на повисоките места во општината каде што има поголеми шанси за врнежи од снег.
– Но, се разбира и во градот и сите населени места. За таа цел, на располагање е ставена целокупната механизација и работна рака со цел за навремено интервенирање на терен – додаде Нацева.
