Лидерите на ЕУ не успеаја да постигнат договор за долгорочниот буџет до 2034 година. Разликите околу висината и распределбата на средствата остануваат големи, а нов обид за договор се очекува во декември. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кратко по полноќ го заврши состанокот кој започна изутрината. Самитот првично беше планиран да трае два дена со цел да се придвижат преговорите за следниот долгорочен буџет на Унијата, но недостигот од подготвеност за компромис кај шефовите на држави или влади ги попречи тие напори. Кошта ги оквалификува разговорите како „многу интересни“ и истакна дека сè уште има време до крајот на годината да се најде решение.
Тој објасни дека мнозинството земји инсистирале да нема понатамошни намалувања во предложениот нацрт, некои сакале намалување, а некои побарале преиспитување на намерата за намалување на средствата за земјоделство и кохезија.
Поделбите главно се однесуваа на спротивставените ставови меѓу земјите – од една страна се оние, вклучувајќи ги Франција и Италија, кои сакаат да одобрат предлог со поголеми трошоци, а од друга страна се оние што се залагаат за финансиска воздржаност, предводени од Германија.

