Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ повика протестите против насилството врз жените да продолжат, но предупреди дека на нив нема да има место за политички профитери и, како што ги нарекуваат, мршојадци и паразити од политиката.
По последниот протест, на кој се појавија поранешни и актуелни функционери од актуелната опозиција, невладината организација апелира истите да ги нема и уште сега се огради од политичко влијание со порака дека нема да дозволат феминистичкиот отпор да се користи како партиски декор. Протестот, велат, е насочен кон институциите, а следниот е закажан за две недели во паркот „Жена борец“ во Скопје.

