Реклама

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Тошковски: Жртви на семејно насилство ќе можат да воспоставуваат видео повици со МВР и ЦУК

Видео повик до полицијата и на 112 кога жртвата не може да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Видео повик до полицијата и на 112 кога жртвата не може да се одбрани насилникот. Полициските службеници ќе носат боди камери и преку нив ќе се документира секој повик за помош но и интервенција. Полициецот ќе има поголеми можности меѓу кои и остранување на насилникот од домот дури и тој да е сопственик, но истовремено ќе се сносат со последици по секое несоодветно постапување. Сите измени треба да придонесат за брза реакција, поголема контрола врз полицското постапување и видео докази кои ќе се користат во истрагата и судската постапка. Министерот Панче Тошковски најави дека боди-камерата ќе биде задолжителна во секое полициско постапување.

  • „Доказниот материјал ќе може да го користиме во рамки на кривичните постапки и ова е само мал дел од наградбата што ја прават тие. Има многу други додадени решенија кои што сум сигурен дека ќе го подобрат институционалниот одговор против криминалитетот, особено во делот на насилниот криминалитет, особено во семејното насилство… “ рече Тошковски.

Камерите ќе имаат можност за директен пренос на видеосигнал до командните центри, превод во живо на повеќе од 40 јазици, а со помош на вештачка интелигенција ќе може да се утврдуваат и одредени факти. Проектот е во фаза на тестирање во Велес, а целосната имплементација на територијата на државата е најавена до средината на идната година.

  • „Проблемот со семејно насилство нема да се реши, тоа ќе постои додека постои човештвото. Но институционалниот одговор, борбата против семејното насилство во иднина ќе го намалува темниот број и на крајот ќе имаме безбедно дете, безбедна жена во својот дом“- рече Тошковски.

Според статистиките во 2026 година, заклучно со 25 ноември, биле изречени 102 притвори и 168 итни мерки од страна на судовите. Според Тошковски зголемениот број случаи е резултат и на законските измени со кои семејното насилство со лесна телесна повреда се гони по службена должност.

Реклама

За да профункционираат новините во полицските постапувања, повеќе закони и правилници во МВР треба да претрпат корекции. Законските измени кои треба да обезбедат поголема заштита на жртвите од семејно и родово базирано насилство ќе се носат на итна седница во Собранието. Во моментов се во Владата од каде најавуваат дека мислењето ќе го достават до пратениците. Со законските измени се предвидени и електронските алки за следење на насилниците.