Реклама

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Македонија

Одложено судењето за нападот врз охриѓанката Сара, ново рочиште закажано за 1 декември

Во Основниот суд во Охрид денеска беше одложено првото рочиште од судскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот суд во Охрид денеска беше одложено првото рочиште од судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната охриѓанка Сара Ѓ. Ново рочиште е закажано на 1 декември.

Адвокатот на оштетената, Ѓоко Шаин, изјави дека процесот не почнал поради барање на одбраната за изземање на јавниот обвинител задолжен за предметот, како и на сите јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Охрид.

Одбраната побарала изземање и на судијката Александра Поп Стефанија и судијата Милчо Клишески, како и на претседателот на Основниот суд во Охрид, Бојан Мартиноски.

Реклама

Шаин информира дека барањата за изземање на судијката Поп Стефанија и судијата Клишески биле одбиени, а за барањето за изземање на претседателот на Основниот суд во Охрид треба да се произнесе Апелацискиот суд во Битола.

Барањето за изземање на јавниот обвинител и обвинителите од ОЈО Охрид, според образложението изнесено на рочиштето, било доставено до охридското обвинителство непосредно пред почетокот на расправата. До произнесувањето на повисокиот јавен обвинител ниеден од обвинителите од ОЈО Охрид не може да постапува по предметот.

Шаин оцени дека барањата на одбраната имаат цел да ја одолжуваат постапката и да се избегне одговорноста на обвинетиот.