Реклама

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Македонија

Министерството за енергетика и UNECE ја продолжуваат соработката за одржлива енергетска транзиција и поголемо учество на жените во секторот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со Елена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со Елена Ивановска, кабинетски службеник за следење на стратешките приоритети на Владата, оствари работна средба со Дарио Лигути, директор на Одделот за енергетика, домување и управување со земјиште (EHLMD), и Олег Ѕубински, регионален советник за енергетика при Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE).

На средбата, како што информираат од МЕРМС, беше оценета досегашната соработка меѓу Министерството и UNECE, особено во организацијата на Првиот форум за енергетска дипломатија во Скопје. Соговорниците ја потврдија заедничката определба за продолжување и унапредување на партнерството, со фокус на одржливата енергетика, енергетската транзиција и зајакнувањето на улогата на жените во енергетскиот сектор.

-Посебно внимание беше посветено на понатамошниот развој и проширување на Мрежата на жени во енергетската дипломатија, иницијатива воспоставена во рамки на Форумот. Министерството и UNECE ќе работат на поттикнување на институциите и организациите предводени од жени да се приклучат кон Мрежата, со цел поголема застапеност на жените, зајакнување на нивното лидерство и активно учество во креирањето и спроведувањето на енергетските политики – соопшти МЕРМС.

Реклама

На средбата, се наведува во соопштението, беше потврдена и подготвеноста на UNECE да продолжи со стручната и институционалната поддршка на државата во повеќе приоритетни области, меѓу кои енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, електрификацијата, праведната енергетска транзиција, намалувањето на емисиите на метан и одржливото управување со ресурсите.

-Продлабочувањето на партнерството со UNECE е значајно за унапредување на националните енергетски политики, примената на меѓународните стандарди и користењето на експертската поддршка во процесот на енергетска транзиција. Истовремено, преку Мрежата на жени во енергетската дипломатија, се отвора простор за посилна регионална соработка и поголема улога на жените во обликувањето на иднината на енергетскиот сектор – потенцираат од МЕРМС.