Реклама

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Македонија

Успешно спроведена акцијата „Зелена Општина Илинден“

Со засадување на околу 600 дрвца од различни видови, Општина Илинден продолжува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со засадување на околу 600 дрвца од различни видови, Општина Илинден продолжува да ја гради својата зелена иднина, посветено вложувајќи во обновување и збогатување на зелените површини, зачувување на природата и создавање поздрава животна средина за сите граѓани. Акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“ се одржа во населеното место Мршевци, во училишните дворови и на други јавни површини низ општината, меѓу кои и во новоизградениот парк во населеното место Дељадровци, информираат од локалната самоуправа.

-Обединети околу заедничката цел за почиста и позелена општина, во акцијата се вклучија општествено одговорни компании, граѓани, ученици, јавните претпријатија и општинската администрација. Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека секое новозасадено дрво претставува вложување во природата, здравјето на граѓаните и иднината на генерациите што доаѓаат – соопшти Општина Илинден.

Градоначалникот, се наведува во соопштението, упати благодарност до општествено одговорните компании Дени Интернационал, МАН, Пекабеско и ТАВ, кои преку донацијата на садници дадоа значаен придонес во реализацијата на оваа зелена иницијатива.

Реклама

-Со континуирано пошумување, уредување на јавните зелени површини и развивање на еколошката свест, Општина Илинден останува посветена на создавањето одржлива, зелена и здрава животна средина. Секое засадено дрво денес е придонес за поздраво и позелено утре – влат од Општината.