Реклама

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Македонија

Во Битола отворена „Мултисензорна изложба – допир“

НУ Завод и Музеј-Битола, во изложбениот салон „Магаза“ промовира нови тактилни слики,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

НУ Завод и Музеј-Битола, во изложбениот салон „Магаза“ промовира нови тактилни слики, тактилни копии што содржат аудио и видео на знаковен јазик. 

Целта на изложбата е уметноста, односно експонатите и уметничките слики од нашите колекции да бидат достапни за сите и затоа насловот на изложбата е мултисензорна изложба, истакна д-р Ирена Ружин, раководител на проектот.

-На изложбата вклучуваме допир за лицата со оштетен вид, вклучуваме видео материјал со знаковен јазик за децата со оштетен говор и глас, а годинава за прв пат вклучуваме и мирис, односно за некои од делата каде што има цвеќиња, поставен е мирис од цвеќињата, како и мирис на стара книга за лицата со оштетен вид да го почувствуваат мирисот на старата книга – посочи Ружин.

Реклама

Во рамки на изложбата поставени се уметнички слики, еден тактилен мозаик, предмети од неолитот и од античкиот период во колекциите на НУ Завод и Музеј-Битола. 

– Изложбата ја подготвуваше тим кој е многуброен, а во оваа прилика ги издвојувам ликовниот уметник Јана Николовски и м-р Јове Парговски кој што ги вклучува сите современи технологии за овие изложба – нагласи Ружин и додаде дека за изложбата постои голем интерес и посетите ќе се одвиваат во групи со цел да им се посвети поголемо внимание и време за здобивање информации.

Изложбата „Мултисензорна изложба – допир“ е наменета за лица со попреченост, но и за лица со попреченост и во битолската „Магаза“ ќе биде отворена десет денови.