Реклама

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Македонија

Делчевските компании со можност за финансиска поддршка за зелена трансформација преку ИНОВА

Во Делчево денеска се одржа информативна сесија на Агенцијата за иновации, научно-технолошки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево денеска се одржа информативна сесија на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, на која беше презентиран новиот Инструмент за поддршка на зелени бизниси, во рамките на проектот „Greening Business Facility“, кофинансиран од Европската Унија.

На информативната сесија, претставниците на микро, малите и средните претпријатија имаа можност подетално да се запознаат со условите и можностите за добивање неповратна финансиска поддршка за воведување меѓународни стандарди и сертификати во работењето. Поддршката се однесува на области како заштита на животната средина, енергетска ефикасност, циркуларна економија, зелено градежништво и земјоделство.

Инструментот опфаќа две мерки: советодавни услуги за подготовка и имплементација на избраните стандарди и независно оценување, односно сертификација. За секоја од мерките е предвидена финансиска поддршка до 80 проценти од прифатливите трошоци, но не повеќе од 150.000 денари без ДДВ.

Реклама

Вкупниот буџет на инструментот изнесува 13,5 милиони денари, а се очекува со средствата да бидат поддржани меѓу 45 и 50 микро, мали и средни претпријатија.

Директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, посочи дека ова е само првиот од трите планирани финансиски инструменти во рамките на проектот, преку кои компаниите ќе добијат можност за различни видови инвестиции во зелената трансформација.

-Кон крајот на годината ќе го лансираме и вториот финансиски инструмент, наменет за набавка на опрема, машини, фотоволтаици и други инвестиции во зелената трансформација на претпријатијата, со кофинансирани грантови до 30.000 евра. Третиот финансиски инструмент планираме да го објавиме на пролет, со поддршка до 300.000 евра и 50 проценти учество од страна на компаниите. Тој ќе биде наменет за поголеми инфраструктурни проекти, како отворање нов производствен објект или набавка на нова производствена линија – истакна Димовска.

Таа ја нагласи важноста на соработката меѓу ИНОВА, локалните самоуправи и приватниот сектор, посочувајќи дека компаниите се основа на економскиот развој на општините.

Според Димовска, преку ваквите мерки делчевските компании ќе добијат можност да инвестираат во обновливи извори на енергија, да ги намалат трошоците за производство и да создадат услови за понатамошен развој, нови производствени капацитети и вработувања.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, истакна дека ваквите програми отвораат конкретни можности за развој на локалните компании, нивна модернизација и зголемување на конкурентноста на домашниот и меѓународниот пазар.

Тој посочи дека улогата на локалната самоуправа е да создава поволна деловна клима, да ги поврзува претприемачите со институциите и да обезбеди информациите за достапните програми за поддршка да стигнат до локалните компании.

-Не е доволно само да постојат програми за поддршка – важно е бизнисите да знаат за нив и да можат да ги искористат. Верувам дека денешната сесија ќе биде корисна, ќе отвори нови перспективи и ќе поттикне конкретни иницијативи кај нашите претприемачи. Бидејќи кога инвестираме во позелени бизниси, не инвестираме само во успешни компании, туку и во почиста животна средина, поквалитетен живот и посигурна економска иднина за нашето Делчево – нагласи Гоцевски.

Од Општина Делчево ги охрабруваат локалните компании и претприемачите да ги искористат достапните можности за финансиска поддршка и да инвестираат во одржливи, современи и поконкурентни деловни процеси.