Двајца жители на Берово се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела, а при претресите на три локации пронајдени се и одземени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, разна бижутерија, платежни картички, повеќе мобилни телефони и парични средства во висина од околу 8.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кражби и тешки кражби извршени на подрачјето. Откриени се и случаи на фалисификување на пари и компјутерски криминал.
о соопштениетот на СВР-Штип се вели дека Одделението за внатрешни работи (ОВР) – Берово поднесе кривични пријави против 50 годишниот Ј.М.и 45 годишниот Б.М. двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за извршени повеќе кривични дела.
-Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово на 25.11.2026, со судска наредба, извршија претреси на три локации во домовите и други простории кај пријавените. Притоа, пронајдени се и одземени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, разна бижутерија, платежни картички, повеќе мобилни телефони и парични средства во висина од околу 8.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кражби и тешки кражби извршени на подрачјето – соопштуваат од СВР-Штип.
Во пишаното соопштение се вели и дека при претресите е откриен случај на „фалсификување пари“, односно пронајдени се 26 фалсификувани банкноти од по 50 евра со ист сериски број.
-Додека, при преземање мерки, расчистен е и случај на „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, во кој со две туѓи банкарски картички од банкомати лицата подигнале вкупно 50.000 денари – велат од СВР-Штип.

