Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Собранието со симулација на седница на Детскиот парламент го одбележа Денот на детето

Со мотото „Моите права, мојата иднина – детските права во дигиталниот свет“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со мотото „Моите права, мојата иднина – детските права во дигиталниот свет“, денеска, во Собранието се одбележа Светскиот ден на детето со симулација на седница на Детскиот парламент. 

На отворањето на настанот беше кажано дека дигиталниот свет е дел од секојдневието на младите, кои на интернет учат, се дружат, создаваат и ги споделуваат нивните идеи. Но, како што беше нагласено, младите таму имаат право на приватност, заштита од насилство и слободно изразување. Беше истакнато дека важно е да се знае каде може да се побара помош при соочување со проблем, како и тоа дека младите може да сметаат на поддршката како од возрасните така и од институциите.

-​ На симулацијата на седницата на Детскиот парламент ќе имате можност да ги изнесете своите ставови, да ги слушнеме вашите аргументи и на другите и да предложите, пред сѐ, решенија – беше потенцирано на настанот.

Реклама

На настанот присуствуваа пратениците Славјанка Петровска, Емилија Ангелова, Бојан Стојаноски, како и Драгана Бојковска, претседателка на Клубот за младинските прашања и политики, која имаше и поздравно обраќање пред присутните.

– Денеска ,се обраќам и во својство на претседател на Клубот за младинските прашања и политики. Тоа е едно неформално тело. Можеби вообичаено кога го вклучувате телевизорот ќе видите дека тука во парламентот најчесто имаме таканаречени расправи. Но, можам да кажам дека Клубот за младинските прашања и политики е можеби најсветлото тело или најсветлата точка во парламентот бидејќи ние пратениците се обидуваме да не се расправаме, туку да најдеме едно заедничко решение, заеднички консензус за прашањата што ги интересираат најмладите, а тоа сте вие. И мислам дека тоа е една позитивна работа – кога се разговара за најмладите, да најдеме консензус сите. Јас топло ви препорачувам кога разговарате и вие за вашите права и за вашата иднина, да наоѓате заедничко решение – нагласи Бојковска.

Таа истакна дека денешната тема е многу важна бидејќи дигиталниот свет е многу поврзан со безбедноста на младите.

– Мислам дека е добро да зборуваме за вашите права. Но, ние сакаме да зборуваме тука и за обврските што ги имаат децата за да бидеме свесни и да знаеме какви чекори преземаме – додаде Бојковска.

Задоволство од денешниот настан изрази и претставникот на УНИЦЕФ, Боре Пуцоски. Тој рече дека темата е од особено важен интерес за работата на УНИЦЕФ денес, а тоа се правата на децата во дигиталниот свет.

-​ УНИЦЕФ работи во сите земји во светот и нашата работа се темели на Конвенцијата на правата на децата. Верувам дека сите сте слушнале за Конвенцијата на правата на децата и сакам да потенцирам една многу интересна работа, што верувам дека голем дел од луѓето не ја знаат. Конвенцијата за правата на децата не е само некој визионерски документ што покажува како би требало да биде. Конвенцијата за правата на децата е правен, обврзувачки документ. Таа е усвоена тука во ова Собрание и има предност пред сите закони – има предност пред националните закони на државата. Значи, стои над нив како усвоена меѓународна конвенција. Ова го нагласувам бидејќи државата, меѓународната заедница и компаниите ви должат заштита на тие права – истакна Пуцоски.

Тој се осврна на некои од нив.

– Ќе спомнам неколку. ​Членот 13 ја признава вашата слобода да барате и споделувате информации преку разни медиуми, вклучително и дигитални медиуми и платформи. ​Членот 14 ја штити вашата слобода на мисла и совест. Членот 16 ги штити вашата приватност, кореспонденција, разменување со други пријатели, чест и углед. Кога била усвоена Конвенцијата, немало „Инстаграм“ или „Тик-ток“, немало паметни телефони, но принципите остануваат исти и денес – нагласи Пуцоски.

Тој рече дека правата на децата се многу корисна рамка за размислување за технологијата.

– Сите овие платформи што ги користите – да провериме, да дискутираме дали навистина ви ги исполнуваат сите овие права или можеби некои ги злоупотребуваат. Државата и производителите на овие технологии и платформи се должни да го обезбедат следново. Дали ви ја почитуваат приватноста? Дали ви даваат пристап до веродостојни информации? Дали сте заштитени од насилство, злоупотреба и штета? Тоа е ваше право што овие институции мора да ви го обезбедат. Не е ваша должност, туку ваше право. ​Дали со децата се постапува праведно и дали ставовите на децата се земаат предвид кога се носат одлуки за технологијата? – додаде тој.

Истражување на УНИЦЕФ, спроведено во 10 земји, вклучително и во нашата, открило дека децата трипати почесто користат системи со вештачка интелигенција.

– Ова значи дека кога зборуваме, на пример, за вештачка интелигенција, многу е веројатно дека постарите ги немаат сите одговори бидејќи вие разбирате како тие технологии навистина се користат во секојдневниот живот. Разбирате како изгледа интеракцијата на „Снепчет“, „Роблокс“, на сите платформи што ги користите. Тоа нѐ води до уште едно ваше фундаментално право – вашето право да учествувате во одлуките што ве засегаат – нагласи Пуцоски.

Претставникот на УНИЦЕФ рече дека целта не треба да биде да се држат младите подалеку од технологија.

– Но ниту да претпоставиме дека секоја нова технологија, платформа, е автоматски добра за вас. Нашата цел треба да биде дигиталната средина – сите платформи да ги почитуваат правата на децата. Толку едноставно – додаде Пуцоски во Собранието.