Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Лашкоска во Виена: Со продлабочување на партнерството со УНИДО, отвораме нови можности за зелени инвестиции и одржлив развој

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска ја предводеше државната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска ја предводеше државната делегација на 54. сесија на Одборот за индустриски развој на Организацијата на Обединетите Нации за индустриски развој (УНИДО) и на свечениот настан на високо ниво по повод одбележувањето на 60-годишнината од основањето на оваа организација.

– Учеството на овие значајни меѓународни настани претставуваше можност за продлабочување на соработката со УНИДО, афирмирање на националните приоритети во областа на зелената транзиција и идентификување нови можности за меѓународна финансиска и експертска поддршка – велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во рамки на работната посета на Виена, заменик-министерката Лашкоска остварила средби со високите претставници на УНИДО, Смаил Ал Хилали, директор на Одделот за циркуларна економија и зелена индустрија и Соломија Омелјан, раководителка на Регионалното биро за Европа и Централна Азија, на кои посебен акцент бил ставен на развојот на националното проектно портфолио во рамки на деветтиот финансиски циклус на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ-9), за периодот 2026–2030 година.

Реклама

– Разговаравме за нашата досегашна соработка, но многу повеќе се задржавме на потенцијалните области на соработка, како и за перспективите за развој на идни проекти, вклучувајќи и различни можности за комбинирано финансирање, истакнува заменик-министерката Лашкоска.

Ваквите финансиски механизми отвораат можности за мобилизирање дополнителни ресурси за зелени инвестиции, воведување чисти технологии, поефикасно користење на природните ресурси и намалување на негативните влијанија на индустријата врз животната средина, што на долг рок треба да придонесе за поконкурентна економија, одржливи работни места и подобар квалитет на живот на граѓаните.

Како конкретен резултат од одржаните средби, како што информира ресорното Министерство, биле дефинирани следните чекори во насока на конкретизирање на подготвителните активности и изработка на проектни концепти коишто би биле доставени до Глобалниот еколошки фонд за потенцијално финансирање.

– Министерството за животна средина и просторно планирање ќе продолжи активно да ги гради и продлабочува стратешките партнерства со меѓународните организации и финансиски институции, со јасна визија – меѓународната соработка да се преточува во конкретни инвестиции и проекти кои ќе обезбедат забрзан индустриски развој во хармонија со природата, поздрава животна средина и поодржлива иднина за сегашните и идните генерации – се наведува во соопштението.