Реклама

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Македонија

Вреди: Од 100-отсто само на македонски, стручните испити ги овозможуваме 100-отсто на албански

Задоволство ми е денеска пред вас да споделам една важна вест што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задоволство ми е денеска пред вас да споделам една важна вест што се однесува на унапредувањето на употребата на албанскиот јазик, така како што го утврдува Охридскиот договор и Уставот на нашата држава: Tака како што сме ветиле, и ред други стручни и државни испити отсега ќе се полагаат и на албански јазик!, се вели во соопштението на Вреди од денешната прес-конференција.

Испитот за овластени државни ревизори, кој денес се полага на албански јазик во рамките на Државниот завод за ревизија;
Испитот за осигурителни агенти, кои добиваат лиценца МАПАС;
Стручниот испит за експерти за оцена на влијанието на проектите врз животната средина;
Стручниот испит за експерти за стратегиска оцена на животната средина;
Испитот за директори на установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст;
Испитот за воспитувачи во предучилишните установи;
Испитот за негуватели во предучилишните установи;
Испитот за стручни соработници во предучилишните установи;
Стручниот испит за лекари;
Стручниот испит за стоматолози;
Стручниот испит за медицински сестри.
За првпат во рамките на Министерството за култура е формирана посебна единица за превод и лектура.

На почетокот, сакам да биде јасно за сите: во Северна Македонија не се случува никаков регрес во однос на употребата на албанскиот јазик, ниту пак има прекршување на Законот за употреба на албанскиот јазик. Напротив, со нашето доаѓање на власт и за помалку од две години владеење, ВЛЕН не само што ги зачува постојните решенија, туку ги унапреди и решенијата што недостасуваа во насока на постигнување јазична рамноправност.

Реклама

Нашиот ангажман во оваа насока покажува дека заштитата и унапредувањето на јазичните права на Албанците не е само политичко ветување, како што беше случај во минатото, туку се претвора во конкретни и опипливи резултати за граѓаните.

Почитувани присутни,

Од 2002 до 2024 година, значи повеќе од 20 години, стручните испити, лиценцирањето, државните испити и другите форми на стручно оспособување во рамките на државните институции се одвиваа на македонски јазик, без оглед на тоа на кој јазик кандидатот ги завршил студиите.

Денес имаме поинаква реалност. Започнавме со правосудниот испит и многу брзо албанските студенти ќе имаат можност овој испит да го полагаат на албански јазик.

Од доаѓањето на ВЛЕН на власт, албанските граѓани имаат можност стручните испити и постапките за лиценцирање да ги полагаат и на албански јазик. Тоа не беше така во минатото. Сè што слушате од албанската опозиција е само обид за манипулација со фактите и обид да се факторизира самата себеси!

Како резултат на работата на ВЛЕН, испитот за овластени државни ревизори денес се одржува на албански јазик од страна на Државниот завод за ревизија, а го спроведува Агенцијата за администрација.

Исто така, на албански јазик ќе можат да полагаат стручни испити и агентите за осигурување, кои се лиценцираат од МАПАС.

Воедно, преземени се чекори и други стручни испити, во рамките на соодветните институции, вклучително и Министерството за животна средина, да може да се организираат на албански јазик.

Заедно со стручните испити за воспитувачките во градинките и другите институции во рамките на Министерството за социјална политика, демографија и млади, испитите на Агенцијата за администрација и испитите во Министерството за здравство, денес имаме листа од над 20 испити за стручно оспособување кои, како резултат на работата на ВЛЕН, може да се полагаат на албански јазик!

До пред две години, државните и стручните испити беа 100% на македонски јазик. Наследивме систем со делумни решенија, со отворени прашања, но со многу пропаганда. А пропагандата никогаш не била одговор на проблемите. Таа беше само инструмент за обезбедување владеење на една дискредитирана политичка класа која ветуваше многу, а реализираше малку.

Отворајќи го поглавјето на стручните испити на албански јазик, ние го правиме она што ДУИ 20 години само го ветуваше. Ова не се само административни промени. Ова се нови можности за албанските граѓани, за младите професионалци и за сите оние што сакаат да напредуваат во својата кариера без да се соочуваат со јазични бариери.

Ние не ветуваме.

Ние делуваме и носиме резултати.

ВЛЕН ќе продолжи со ангажманот албанскиот јазик да се почитува во секоја институција, во секоја постапка и во секој процес во кој албанските граѓани ги остваруваат своите права. Затоа што рамноправноста не се мери со изјави, туку со еднакви можности и со конкретни резултати.