Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи

Правните лица кои имаат сметки во „Алта банка“ АД Битола од денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правните лица кои имаат сметки во „Алта банка“ АД Битола од денеска можат без ограничување на износот да располагаат со новите приливи на своите сметки, доколку средствата се префрлени од платежни сметки отворени во други банки и кај други даватели на платежни услуги, информира Народната банка.

Со оваа мерка се проширува пристапот на клиентите до сопствените средства, а фирмите ќе можат во целост да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа.

Од Народната банка потсетуваат дека и физичките лица веќе можат неограничено да располагаат со новите приливи на своите сметки во „Алта банка“, доколку тие доаѓаат од платежни сметки отворени во други банки и кај други даватели на платежни услуги.

Реклама

Оваа можност ги опфаќа новите приливи по сите основи, вклучително и платите, пензиите и социјалните трансфери, кога исплатите доаѓаат од институции или фирми што имаат сметки во други банки.

Клиентите немаат потреба да отвораат платежна сметка во друга банка, бидејќи со пристигнатите средства можат да располагаат во целосен износ преку електронско и мобилно банкарство, платежни картички или подигање готовина на отворените шалтери на Банката.

Продолжуваат со работа и филијалите на „Алта банка“ во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Таму клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби.

За користење на електронското и мобилното банкарство и натаму важат лимитите до 15.000 денари неделно за клиентите со платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите без платежни картички. Лимитите се однесуваат збирно на сите сметки на клиентот и на сите канали за плаќање и повлекување средства.

Народната банка соопшти дека продолжува внимателно да ја следи состојбата во „Алта банка“ и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до нивните средства и за непречено извршување на платежните услуги.