Реклама

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Македонија

Во декември нов повик од ИПАРД 3 за земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси

– Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја објави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја објави претходната најава за декемврискиот јавен повик 01/2026 од ИПАРД III, кој опфаќа три мерки за кофинансирање на инвестиции во земјоделски стопанства, преработувачки капацитети и рурални бизниси.

Рокот за поднесување барања ќе изнесува најмалку 45 дена од објавувањето на повикот. Пред неговото отворање, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ги објави ажурираните упатства и потребната документација на својата веб-страница. Бесплатни совети за подготовка на барањата се достапни во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), надлежните институции направија проверки и постапија по сите препораки од Европската комисија. Се пристапи и кон интензивно спроведување на Акцискиот план за зајакнување на системите за управување и контрола на ИПАРД структурата, со кој, меѓу другото, се предвидува и дигитално следење на проектите од одобрувањето до исплатата, вклучувајќи ги и контролите на терен, како и раното предупредување при идентификуван ризик од доцнење на исплатите.

Реклама

-Ја обновивме довербата во ИПАРД и продолжуваме да ги исполнуваме обврските што ги презедовме пред Европската комисија. Во рамки на спроведувањето на Акцискиот план го зајакнуваме Телото за управување со програмата и поставивме прецизни разграничувања на надлежностите, а во насока на јасно институционално нијансирање на тоа кој е одговорен за носење на секоја одлука и кој ќе ја проверува. Успеавме да ги идентификуваме и надминеме причините кои претставуваат ризик фактор за појава на слабости во процесот на спроведување на ИПАРД, односно ги зацврстивме европските стандарди во системот, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Мерката 1 поддржува вложувања во земјоделските стопанства за попродуктивно и одржливо производство, вклучително и набавка на механизација. Мерката 3 опфаќа инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, а мерката 7 е наменета за дополнителни дејности на фармите и развој на рурални бизниси. Од мерката 7 на овој повик се изземени производството и продажбата на енергија од обновливи извори.