Општина Карпош денеска ќе организира панел-дискусија на тема „Семејно и родово базирано насилство – од закон до пракса“, по повод кампањата „16 дена активизам“.
-Насилството не е приватна работа и заштитата не смее да остане само на хартија. Заедно со стручни лица од полицијата, социјалната заштита, граѓанскиот сектор и психолози, ќе зборуваме за препознавање на насилството, институционалната поддршка и вистинската заштита на жртвите, соопшти Општина Карпош.
На панел-дискусијата ќе учествуваат: Снежана Смилевска од Организацијата на жени на Град Скопје, Тиана Ивановска – психолог и гешталт психотерапевт, · Тина Васков – клинички невропсихолог, Елизабета П. Петковска од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје и претставник од Одделението за семејно насилство при СВР Скопје.

