Реклама

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Македонија

Николоски и швајцарскиот амбасадор Зомер разговараа за економската соработка и нови инвестиции

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер, со кој разменија за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и отворање нови можности за инвестиции – информираат од Министерството.

Особено внимание било посветено на инфраструктурните проекти и можностите за вклучување на швајцарски компании во реализацијата на инвестициските активности на државата. Вицепремиерот Николоски упатил покана до швајцарските компании да ги разгледаат можностите потенцирајќи дека Македонија е отворена за нови партнерства и инвестиции.

– На средбата се разговараше и за можностите за развој на туризмот и унапредување на авионските врски меѓу двете земји како важен предуслов за зголемување на туристичката размена, поврзувањето на граѓаните и зајакнувањето на економските потенцијали – се вели во соопштението од Министерството за транспорт.

Реклама

Унапредувањето на односите со Швајцарија и привлекувањето нови инвестиции, како што велат од Министерството, остануваат значаен дел од владините приоритети за економски развој, подобра инфраструктурна поврзаност и отворање нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата.