Реклама

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Македонија

Тошковски: Треба да сториме сѐ жените и децата да бидат безбедни во својот дом, системските промени ќе дадат резултати

Ако жената во својот дом не може да се чувствува најбезбедно, ако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако жената во својот дом не може да се чувствува најбезбедно, ако децата во својот дом не може да се чувствуваат најбезбедно, тогаш каде би се чувствувале најбезбедно?! Треба како општество да сториме сѐ жената и децата да се чувствуваат најбезбедно во својот дом – посочи денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочувајќи дека системските промени ќе дадат резултати, но не преку ноќ.

Министерот во изјава за медиумите, по завршувањето на првиот состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност, на новинарите рече дека кривичните настани досега се евидентирале во тефтер, но оти се работи на дигитализација.

– Кога првпат седнав на позицијата во Министерството за внатрешни работи и во рамките на техничката влада констатирав дека, за жал, Македонија сѐ уште работи на тефтер систем во рамките на евидентирање кривичноправен настан. Колку и да е тоа смешно за некои, за жал, така е. На дигитализацијата работиме секојдневно и ова е многу битно да го направиме како Министерство за внатрешни работи. Тоа е наша работа. Тоа била наша работа и во последните 35 години, но не сме го направиле. Шведска, на пример, го направила тоа пред 30-ина години. Ние го правиме денес. Дали ќе беше подобро да го направиме лани? Ќе беше. Дали ќе беше подобро да го направиме пред 30 години исто како Шведска? Претпоставувам – да. Но, сигурно е подобро да го направиме на почетокот на 2027 година наместо во 2048 година. Нашиот пристап е системски и ќе има резултати, но ќе треба време, јас мислам дека покажавме дека можеме во многу краток период да реализираме проект како „Безбеден град“, кој ќе им даде чувство на надеж дека работите може да бидат подобри – изјави Тошковски.

Реклама

Во споредба со најразвиените европски демократски држави не реагираме максимално професионално, вели тој, но потенцира дека институциите ставаат максимален фокус на оваа тема и дека реагираат максимално посветено.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: