Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Муцунски на министерскиот состанок во Атина на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Одржувањето на динамиката на проширувањето на Европската Унија и забрзувањето на европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одржувањето на динамиката на проширувањето на Европската Унија и забрзувањето на европската интеграција на земјите од Западен Балкан во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан на 25 ноември, како и на грчкото претседателство со Унијата во втората половина на 2027 година, според грчкото МНР, ќе бидат во фокусот на министерскиот состанок во Атина на групата „Пријатели на Западен Балкан“, на кој ќе учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Учеството на Муцунски е на покана на шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, кој воедно е и домаќин на состанокот, а ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на шест земји членки на ЕУ и на шесте партнери од Западен Балкан, како и потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, и еврокомесарката за соседство и проширување, Марта Кос.

– Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес, информираа од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

Реклама

Според грчкото МНР, освен одржувањето на динамиката на проширувањето на Европската Унија, посебен акцент на состанокот ќе биде ставен и на основните европски вредности на владеењето на правото, демократското управување и добрососедските односи, „кои повторно беа потврдени во декларацијата од Делфи од 23 април 2026 година“.

Дополнително, ќе се разгледа и можноста за искористување на капацитетите на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), „со цел да се поддржат реформските напори на партнерите од Западен Балкан во рамките на нивниот европски пат“.

Министерот за надворешни работи на Грција, Герапетритис, во интервју за грчкиот весник „Та неа“ во пресрет на состанокот нагласи дека од солунската агенда од 2003 година, „Грција континуирано е земја што ја забрзува европската интеграција на Западен Балкан“ и оваа цел продолжуваат доследно и практично да ја поддржуваат.

– Во исклучително сложените геополитички околности во регионот, со зголемен национализам и силни обиди за надворешно влијание на Балканот, се стремиме кон конкретни иницијативи за забрзување на интегративниот процес на нашите партнери, со почитување на неопходните реформи и принципот на сопствени заслуги и постигнати резултати. За време на грчкото претседателство со Советот на ЕУ, во втората половина на 2027 година се надеваме дека ќе можеме да пречекаме уште еден партнер од Западен Балкан во европското семејство. Грција не е само присутна, туку и активно дејствува во нашето соседство – објасни Герапетритис.

На маргините на министерскиот состанок планирано е министрите да одржат и билатерални средби.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Официјална Атина кон крајот на минатата година најави дека ќе преземе низа инцијативи за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан во пресрет на грчкото претседателство со Европската Унија во втората половина на 2027 година, а како продолжение на солунската агенда од 2003 година.

Во рамките на овие иницијативи беше потпишаната Делфи-декларација пред седум месеци на маргините на „Делфи економскиот форум“, усвоена за време на министерскиот состанок што го свика домаќинот Грција и во присуство на претставниците на шесте земи од регионот, меѓу кои и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.

Високи грчки дипломатски извори на почетокот на летото, како што тогаш објави МИА, брифираа дека Грција наесен ќе биде домаќин на состанок на „Пријатели на Западен Балкан“ и за европската перспектива на земјите од регионот посочија дека Атина инвестира во овој процес и е во редовен контакт и со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас и со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Ставот на официјална Атина е дека местото на Западен Балкан е во ЕУ, дека Грција го поддржува овој процес, но и дека е земјата што ја забрзува европската перспектива.