Реклама

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСM молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница

СДСM и Филипче ширеа паника за Алта Банка, глумеа загрижени за граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Филипче ширеа паника за Алта Банка, глумеа загрижени за граѓаните и стабилноста на банкарскиот сектор но дури по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна од првата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Толку од наводната итност на СДСM и Филипче,  толку од сериозноста на темата, а уште повеќе толку од сериозноста и посветеноста на опозицијата. СДСM и Филипче правеа многу врева, но има многу малку работа и уште помалку одговорност од СДСM и Филипче.

Филипче и СДСM не одговараат за тоа зошто молчеа во 2023 година.

Реклама

Тогаш СДСM и ДУИ беа на власт. Тогаш носеа одлуки. Тогаш нивни функционери учествувале во постапки поврзани со влегувањето на државното правобранителство во деловни односи со Алта банка.

Зошто СДСM и Филипче тогаш молчеа? Дали направиле проверки? Кој ја разгледувал документацијата? Кој дал согласност и врз основа на кои информации? Доколку имале сомнежи, зошто не реагирале тогаш, туку дури сега, кога се во опозиција?

Филипче и СДСM не можат да избегнуваат одговорност за одлуките од времето кога тие управуваа со државата.

Не може СДСM во 2023 година да молчи, а денес да држат лекции за одговорност.