Реклама

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Прилози

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Комерцијална банка влегува во трката за купување на мнозинскиот пакет акции на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комерцијална банка влегува во трката за купување на мнозинскиот пакет акции на Алта банка. Од банката известија дека Надзорниот одбор донел одлука Комерцијална да учествува на првата јавна аукција закажана за 30-ти ноември. Оваа одлука официјално е објавена и на Македонска берза. Со ова Комерцијална банка повторно покажува интерес за битолската банка, откако претходно пред две години се обиде да ја преземе, но неуспешно, бидејќи со тоа не се согласија дел од акционерите.

Засега не се знае дали ќе има други учесници на аукцијата. Нема информации ниту дали и другите пет банки и финансиски друштва со кои гувернерот имаше разговори, учествуваа во процесот за да добијат претходна дозвола од Народната банка за да бидат дел од јавната аукција. Рокот во кој тие можеа да поднесат барања со потребната документација дека ги исполнуваат условите да станат акционери со квалификувано учество во Банката, истече вчера. Од Народната банка информираат дека сега тече рокот во кој монетарната власт ќе ја „чешла“ документацијата.

„Во моментов, тече рокот, во кој Народната банка треба да спроведе постапка за оценување на исполнувањето на законските услови за стекнување квалификувано учество во Банката. Информациите за бројот и идентитетот на заинтересираните лица, како и за текот и исходот од постапката за лиценцирање, не се предмет на јавно објавување, поради што Народната банка не може да споделува информации во врска со овие прашања“ – Народна банка.

Реклама

Првата аукција е закажана за 30 ноември, кога пакетот обични акции издадени од Алта банка Битола ќе бидат понудени на продажба преку Македонска берза. Почетната цена по акција ќе изнесува 3.777 денари, а доколку акциите не се продадат во првиот обид, предвидени се дополнителни аукции на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, но почетната цена на секоја наредна аукција ќе се намалува за 10 % во однос на претходната. 

Во меѓувреме, конечно е закажано и продолжението на надзорната расправа во Собранието за случајот „Алта банка“ . Предвидено е следната среда да бидат сослушани нови сведоци. Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска го прецизираше датумот по еднонеделно тактизирање. Изминатите десетина дена, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно инсистираа да продолжи расправата. Обвинуваа дека СДСМ глуми  наводна заинтересиранот, но истовремено ја  пролонгира надзорната расправа. На првиот ден од Надзорната расправа минатата среда, како сведоци меѓу другите се појавија премиерот, министерката за финансии, гувернерот, вицегувернерите, администраторот на банката и државниот јавен обвинител.