Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Хоџа: Воспоставувањето на регионалниот систем за собирање на отпад останува еден од приоритетите на МЖСПП

Воспоставувањето на регионалниот систем за собирање на отпад останува еден од приоритетите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воспоставувањето на регионалниот систем за собирање на отпад останува еден од приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање, затоа што тоа ќе значи воспоставување на ред или реализација на една многу значајна реформа во сите региони во нашата земја – изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа, одговарајќи на прашање на пратеникот од СДСМ Димитар Ковачевски. 

– Целосно ја разбирам реакцијата на пратениците и на граѓаните што се однесува до управувањето на отпадот. Што се однесува на градењето на регионалниот центар во градот Свети Николе, којшто ќе го опфаќа источниот и североисточниот регион, тоа е процес којшто се одвива од страна на Министерството за финансии, односно институцијата во рамките на Министерството којашто е одговорна за средствата од Европската Унија и оваа процедура е во процес и официјално како Министерство за животна средина и просторно планирање се уште не сме информирани околу официјално околу процесот и затоа нема повеќе да давам детали за тоа – истакна Хоџа. 

Министерство работи на подготовка на документацијата или другите процедури потребни за градење на трите други регионални центри во нашата земја.

Реклама

– Во Русино, којашто го опфаќа полошкиот регион, административните подготовки, процедурални подготовки се во процес на привршување. До крајот на оваа година, односно следната година ќе очекуваме и прво прогласување на првиот регионален центар Русино, којшто ќе се изгради по европски еколошки стандарди. Веќе е објавено и градењето на трансфер центарот во градот Тетово, којшто е дел од регионалниот проект за градење на регионални центри за управување со отпад. Деталите околу финансиските средства нема јас да ги истакнам пред јавноста, затоа што се тоа процеси коишто се во тек и не може да се зборува за нив – рече министерот Хоџа. 

Тој посочи дека Министерството продолжува и со другите административни, процедурални подготовки за градење на вториот регионален центар во Новаци, којшто ќе ги опфаќа двата соодветни региони.

– Значи тоа се општините коишто припаѓаат на јужниот и западниот регион на Пелагонија. Процедурите се во тек, таму се предвидува да се изградат пет трансфер центри на отпад во сите општини. Третиот центар којшто го дискутираме е центарот којшто ќе биде во општина Босилово и овој центар, односно постапките за почеток на градење на овој центар се малку во поодмината фаза и ние како министерство сме во процес на подготовка на потребната документација – рече Хоџа на пленарната седница за поставување на опозициски прашања.