Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Велковски: Долгот кон вториот пензиски фонд е од многу порано, а не од 2026 година

– Долгот кон вториот пензиски фонд е создаден многу порано – изјави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Долгот кон вториот пензиски фонд е создаден многу порано – изјави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски одговарајќи на прашање на пратеникот Јован Митрески за долг, како што тврди, од речиси 40 милиони евра кон вториот пензиски фонд. 

– Ако зборувате за ревизорскиот извештај, тој е за 2024 година, ако добро паметам, таа влада дојде некаде во јуни, буџетот што беше изгласан беше од претходната влада и во тоа време не бил сегашниот директор. Бил некој друг, така што тие средства што ги читате, т.е. долгот е создаден многу порано, а средствата, Собранието што го гласа буџетот, не биле обезбедени за да се сервисираат сите тие обврски. Инаку, секој ревизорски извештај е процесиран и до Владата, разгледан е, направен е акциски план на него, се постапува соодветно по препораките што се дадени во согласност со Државниот завод за ревизија – изјави Велковски.      

Митрески изнесе тврдење дека долгот кон вториот пензиски фонд изнесува од 40 до 57 милиони евра и дека за сите вработени родени од 1 јануари 1967 година, односно за речиси 650.000 граѓани не се навреме префрлени пари во вториот пензиски фонд. Пратеникот се повика на ревизорскиот извештај во кој се наведува дека за јануари и за февруари 2026 година долгот кон вториот пензиски фонд изнесувал 40 милиони евра, а потоа посочи дека до овој месец тој се зголемил. Според него, заклучно со 31 октомври долгот кон вториот пензиски фонд изнесува 51 милион евра. 

Реклама

Го праша Велковски кога ќе ги разреши директорот и неговиот заменик во Фондот за пензиско осигурување, а претседателот на Советот на експертите на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување, Ремзи Бајрами, дали за оваа состојба ги известил Министерството за финансии, Владата и Обвинителството.

Велковски одговори дека Владата ги именува и ги разрешува директорот на Фондот за пензиско, на што Митрески го цитира законот дека и министерот може во одредени случаи да ги разреши. 

Бајрами, пак, во одговорот појасни дека повремено се доцни со исплатата во вториот пензиски фодн, но дека не се надминуваат законските рокови.  

– Во законските рокови Министерството за финансии врши трансфер. Понекогаш има и задоцнување, меѓутоа не ги надминува законските рокови што се утврдени со законот. Последниот трансфер беше на 4, 5 и на 7 овој месец. Значи, префрлени се над 20 милиони евра во пензиските фондови и ова повеќе припаѓа на Министерството и на пензискиот фонд – рече Бајрами.

Митрески му врати дека долгот кон вториот пензиски фонд заклучно со 10 ноември е 47 милиони евра и дека во законот пишува дека ако не се префрлат парите веднаш или во рок од пет дена, треба на граѓаните членови на вториот столб да им се пресмета надомест. – Никогаш не е пресметан. Со тоа се оштетени сите членови – рече Митрески посочувајќи дека граѓаните по оваа основа може да поднесат тужби.