Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Предлозите на граѓаните влегуваат во новиот Буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска одржа работен координативен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска одржа работен координативен состанок со раководителите на општинските сектори, посветен на креирањето на Буџетот за 2027 година. Главниот фокус на средбата беше сите досега собрани потреби, идеи и приоритети од жителите, заедно со проектите од нејзината програма, да се обликуваат во конкретни, реални и одржливи капитални проекти и програми за наредната година.

Овој работен состанок следи по повеќемесечните активности на терен и отворената комуникација со жителите, чии идеи се основа за новиот буџет. Во изминатиот период беше реализиран интензивен циклус на теренски посети во сите месни и урбани заедници, каде што на лице место се мапираа реалните проблеми. Паралелно со тоа, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска одржуваше и секојдневни директни средби со граѓаните, разговарајќи за нивните секојдневни предизвици и предлози. Дополнително, преку иницијативата „Вашата месна заедница – прва станица за секој проблем!“, општината ја афирмираше улогата на сите 15 месни заедници како институции кои се најблиску до жителите, ставајќи ги на располагање контактите на претседателите и секретарите за секое нивно барање.

Како важен дел од овој процес, во соработка со Finance Think, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, се одржаа и два отворени буџетски форуми: во Домот на култура во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Овој процес на партиципативно буџетирање се реализираше во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Реклама

Едновремено, граѓаните имаат можност своите предлози и приоритети да ги доставуваат и по електронски пат, што овозможи максимална вклученост на сите жители во одлучувањето за развојот на нивната населба.

Со денешната координација на општинските сектори, добиваат јасна финансиска и проектна рамка. На овој начин, локалната самоуправа го заокружува отворениот дијалог со жителите, создавајќи развоен буџет за 2027 година кој директно одговара на реалните потреби на секое маало и населба во Кисела Вода.

Со денешната координација на општинските сектори започнува финализирањето на буџетскиот документ, давајќи им јасна финансиска и проектна рамка на  сите овие граѓански иницијативи и мапирани потреби. На овој начин, заеднички ќе биде составен развоен буџет за 2027 година кој директно одговара на потребите на секое маало и населба во Кисела Вода.