Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

ФЗО: Активно се работи на надминување на состојбата со здравственото осигурување во МВР и на трајно системско решение

Фондот за здравствено осигурување во врска со состојбата со здравственото осигурување во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување во врска со состојбата со здравственото осигурување во МВР соопшти дека статусот на здравственото осигурување се утврдува преку автоматизиран систем, врз основа на податоците за пријавите и уплатените придонеси, кои по електронски пат се преземаат од Управата за јавни приходи.

Од Фондот наведуваат дека не вршат рачно исклучување на осигурениците, ниту донесуваат поединечни одлуки за прекинување на нивното осигурување и дека станува збор за системски воспоставен механизам, кој еднакво се применува за сите правни субјекти, вклучително и за државните институции.

Во моменттв интензивно се работи на надминување на актуелната состојба со здравственото осигурување на вработените во МВР, како и на изнаоѓање трајно системско решение со кое ќе се спречи повторување на ваквите ситуации. Состојбата е поврзана со дополнително пријавување вработени за претходен период, врз основа на судски одлуки, при што е потребно соодветно усогласување на пресметките и уплатата на придонесите. Со ваква состојба во минатото се соочил и самиот Фонд, што потврдува дека не станува збор за постапка насочена кон одредена институција или категорија вработени, информираат од Фондот и додаваат дека на нивна иницијатива веќе е формирана меѓуинституционална работна група, во која учествуваат претставници на надлежните институции и досега се одржани неколку работни состаноци, на кои се разгледуваат конкретни решенија за надминување на причините што доведуваат до вакви состојби.

Реклама

Свесни сме дека ваквите состојби предизвикуваат оправдана загриженост кај вработените и нивните семејства. Затоа нашата заложба е насочена не само кон решавање на проблемот во овој момент туку и кон воспоставување долгорочен механизам, што ќе обезбеди поголема сигурност и континуитет во остварувањето на правата од здравственото осигурување. Очекуваме интензивната соработка меѓу надлежните институции во најкраток можен рок да резултира со конкретно и одржливо решение, посочуваат од ФЗО и додаваат дека остануваат целосно посветени на заштитата на правата на осигурениците и навремено ќе ја информираат јавноста за понатамошните активности и постигнатите резултати.