Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Градоначалникот Грозданов неделава на средба со родителите на загинатите во „Пулс“ за новогодишната и божиќната програма во Кочани

Во текот на оваа работна недела, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на оваа работна недела, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, ќе оствари средба со претставници на Здружението „16 март 2025 Кочани“, на која ќе се разговара за можностите за организирање настани по повод претстојните новогодишни и божиќни празници во Кочани.

Целта е преку разговор и координација да се разгледаат можностите за заеднички пристап кон одбележувањето на празничниот период, имајќи ја предвид и чувствителноста на атмосферата во градот по трагедијата што длабоко го погоди Кочани.

-Сите активности и настани  околу новогодишните и божиќните празници би сакал да ги договорам со нив. Ништо  нема да направам без да се  консултирам со членовите на „16 Март“. Откако ќе ја реализираме средбата заеднички ќе излеземе во јавности со она што сме го договориле за празниците што претстојат, најави Грозданов.

Реклама

Се очекува на средбата да бидат разменети мислења и предлози за содржини кои ќе бидат соодветни на околностите и чувствата на семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“ и локалната заедница.