Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на повеќе локации во Општина Илинден

Општина Илинден продолжува со активности за обележување на локалните улици и патишта,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден продолжува со активности за обележување на локалните улици и патишта, како и поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на повеќе локации низ општината за унапредување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на патната инфраструктура, информираат од локалната самоуправа.

Во рамки на активностите, како што велат, извршено е обележување на пешачки премини на повеќе улици во населените места Илинден, Марино, Кадино, Миладиновци и Текија. Дополнително, извршено е и обновување на хоризонталната сигнализација на повеќе локални патни правци. Обележан е локалниот пат Илинден–Ајватовци–Мршевци во должина од 6.000 метри, патниот правец Марино–Кадино–Миладиновци–ОКТА во должина од 7.000 метри, како и улица „3“ во Кадино, кон автопатот, во должина од 850 метри. Извршено е и обележување на улица „500“ во Марино во должина од 2.300 метри и на улиците „9“ и „2“ во Илинден во вкупна должина од 2.600 метри.

-Паралелно со овие активности се работи и на унапредување на вертикалната сообраќајна сигнализација. На улица „500“ во Јака поставени се 15 нови сообраќајни знаци. Додека на улица „9“ започна поставувањето на патни маркери, а во наредниот период е предвидено и поставување дополнителна вертикална сигнализација. Со реализацијата на овие активности Општина Илинден ја потврдува својата посветеност на континуирано подобрување на патната инфраструктура и унапредување на сообраќајната безбедност, со цел обезбедување побезбедно, поуредно и пофункционално одвивање на сообраќајот за сите граѓани – се посочува во соопштението од Општина Илинден.

Реклама