Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Шасивари на конференција во Манила: Насилството врз децата бара одговор што ги надминува државните граници

– Министерот за правда Јетон Шасивари учествува на втората глобална министерска конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за правда Јетон Шасивари учествува на втората глобална министерска конференција за ставање крај на насилството врз децата, која се одржува во Манила, Филипини, со учество на министри од 131 држава, претставници на меѓународни институции, експерти и организации од целиот свет.

Како што соопшти Министерството за правда, конференцијата е организирана од владата на Филипини, во партнерство со Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ, со цел зајакнување на меѓународната соработка и развивање конкретни решенија за спречување и искоренување на сите форми на насилство врз децата.

Во рамките на конференцијата, министерот Шасивари учествувал на панел-дискусијата Europe: Shared Challenges, Shared Solutions, посветена на заедничките предизвици во спречувањето на насилството врз децата и можностите за нивно надминување преку координирани решенија.

Реклама

Во своето обраќање министерот посочил три суштински предизвици: ширењето на новите форми на насилство преку дигиталните технологии, недоследното спроведување на постојните законски гаранции и недоволната координација меѓу институциите надлежни за заштита на децата.

Особено внимание било посветено на ризиците што ги носи забрзаниот технолошки развој. Дигиталните платформи, како што е наведено, создаваат нови можности за злоупотреба, сексуална експлоатација, вознемирување и ширење штетни содржини, при што насилството може да продолжи и надвор од училиштето, семејството или средината во која детето живее. Посочено е дека ваквите појави бараат современи законски решенија, поефикасни механизми за пријавување, специјализирани истражни капацитети и поголема одговорност на дигиталните платформи.

– Во таа насока, министерот информира дека Македонија, како договорна страна на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, позната како Ланзаротска конвенција, презема активности за понатамошно усогласување на кривичното законодавство со меѓународните стандарди – стои во соопштението на Министерството за правда.

Од таму додаваат дека подготовката на новиот Кривичен законик претставува можност за надминување на постојните правни празнини во заштитата на децата од насилство во дигиталниот простор. Една од заложбите претставени на конференцијата се однесува токму на изменување и дополнување на кривичното и поврзаното законодавство, со посебен акцент на заштитата на децата на возраст од 14 до 17 години од онлајн-насилство и сексуална експлоатација.

Покрај законските измени, била нагласена и потребата од поголема дигитална писменост кај децата, родителите, наставниците и професионалците, кои работат со деца, како и од воспоставување достапни и безбедни механизми за пријавување злоупотреба. Превенцијата бара и соработка со технолошките компании за навремено откривање и отстранување содржини што претставуваат злоупотреба на деца.

Вториот предизвик на кој се осврнал министерот е разликата меѓу законски предвидената заштита и нејзиното спроведување во практика. Во обраќањето биле посочени наодите од истражувањето Disrupting Harm, кои укажуваат на недоволен број професионалци, голема оптовареност со предмети, долготрајни постапки и случаи во кои децата се изложени на повторени испрашувања пред разни институции.

За надминување на овие слабости, како што е посочено, потребно е воведување стандардизирани протоколи за разговор со деца, ангажирање специјализирани професионалци, утврдување јасни рокови за постапување во предмети што вклучуваат деца и развивање интегрирани услуги преку кои детето ќе може да го пријави насилството во безбедна средина, без непотребно повторување на трауматичното искуство.

Министерот се осврнал и на Законот за правда за децата, донесен во 2024 година, кој предвидува посебни процесни гаранции, заштита на најдобриот интерес на детето и индивидуална процена на потребите на децата жртви. Законот го утврдува лишувањето од слобода како крајна мерка, го гарантира правото на детето да биде информирано за своите права и предвидува придружба од родител, старател или друго определено возрасно лице при испрашување.

Особено значење имаат одредбите насочени кон спречување на секундарната виктимизација, вклучително и ограничувањето на медицинските прегледи само на случаите кога тие се неопходни за кривичната постапка, како и примената на посебни мерки за процесна заштита според индивидуалните потреби на детето.

– Третиот предизвик се однесува на институционалната координација. Министерот укажа дека заштитата на децата не може да биде ефикасна доколку образовните институции, здравствените служби, центрите за социјална работа, полицијата и правосудните органи постапуваат изолирано, без јасно утврдени обврски и механизми за следење на секој пријавен случај – се наведува во соопштението.

Во таа насока, била истакната потребата од определување одговорни лица за координација на случаите, јасни процедури и рокови за институционално постапување, заеднички обуки, безбедна размена на информации и независен надзор врз спроведувањето на мерките за заштита.

Во обраќањето било нагласено дека вистинската ефикасност на системот не се оценува само според тоа дали институциите ги испочитувале формалните процедури, туку дали детето добило навремена заштита, дали е спречено повторување на насилството и дали му е обезбедена потребната поддршка – додаваат од Министерството за правда.