Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Македонија

Саниран дефектот на главната водоводна линија, во текот на денот ќе се нормализира водоснабдувањето во штипските населби, кои немаа вода за пиење

Саниран е дефектот на главната водоводна линија во Штип, кој од вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Саниран е дефектот на главната водоводна линија во Штип, кој од вчера предизвика дел од населбите да немаат вода за пиење. Директорот на ЈП „Исар“ – Штип Александар Арсовски на прес-конференција изјави дека дефектот се случил на најнискиот потег од филтер-станицата до препумпната станица во населба Баби. 

– Со самото тоа што се наоѓаме на најниската кота, дополнителен проблем ни претставува исцедувањето на водата којашто минува низ главната водоводна линија фи 500 и целата таа вода се исцеди и се наталожи токму на ова место каде што е нашиот зафат. Дополнително отежнати околности ни предизвикуваат обрушувањето на земјата, високонапонските кабли, обрушениот бетонски столб за електрична енергија коишто во еден момент ја доведоа во прашање и безбедноста на нашите вработени. Можам да кажам дека дефектот е саниран, водоснабдувањето полека, во текот на денот, ќе се нормализира на деловите и населбите каде што беше нарушено – изјави Арсовски. 

Тој истакна дека сите овие зафати јавното претпријатие „Исар“ ги прави во контекст на подобрување на водоснабдувањето. 

Реклама

– Би сакал оваа прилика да ја искористам и да споменам дека во моментот се градат три резервоари за питка вода за пиење, коишто во голема мера ќе го зголемат резервниот капацитет на питка вода што треба да го поседува градот и при секој ваков посериозен зафат на главна водоводна линија и деловите коишто во моментот не се напојуваат преку резервоари за вода, ќе имаат резерва вода за повеќе од 12 часа, за да можат граѓаните да не ги почувствуваат овие сопирања на водата – рече Арсовски. 

Тој додаде дека Скада системот во моментот е на тест период и како што рече „на мое огромно задоволство покажува 20% заштеда на нефакурираната вода за пиење, односно водата за пиење којашто се губи низ мрежата“.