Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче, протестот во Охрид е за фотелји, а не за правда

Денес СДСM најави протест во Охрид каде недолжна млада девојка беше крвнички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес СДСM најави протест во Охрид каде недолжна млада девојка беше крвнички нападната од насилникот кој денес е зад решетки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа случка беше недвосмислено осудена од сите фактори во државата. ВМРО-ДПМНЕ веднаш го осуди инцидентот и побара обвинителството да не помисли овој случај да биде заборавен. Овој немил настан, за жал, единствените кои политички го злоупотребуваат се Венко Филипче, СДСM и Левица. Повикот за протест е повик да се политизира целиот настан за да има крвави политички поени за Венко Филипче. А Филипче пет пари не дава ниту за повреденото девојче ниту за неговото семејство. Ако беше поинаку, тогаш СДСM ќе се однесуваше достоинствено, а не како лешинар.

Ова нивно однесување се повторува. Впрочем, нивното лешинарење започна уште од времето на злоупотребите на смртта на Мартин Нешкоски, малечката Тамара, децата кај Смилковско Езеро, Никола Младенов. Венко Филипче со Зоран Заев има историја на злоупотреби и лешинарење на политичката сцена само за да дојдат на власт. Нивното антимакедонско однесување е дното кое народот го осудува и од кое мора да се дистанцира.

Реклама

Протестот на СДСM во Охрид не е за сочувство на семејството на претепаното девојче, туку борба за фотелјата на Филипче.