Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM и Филипче нема што да понудат освен црни сценарија и лаги, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизира економијата

СДСM е партија која нема што да понуди на граѓаните освен црни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM е партија која нема што да понуди на граѓаните освен црни сценарија и лаги и токму затоа членството им бега, рејтингот им се топи, а Филипче ја однесе СДСM на маргините на политичката сцена во Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСM и Филипче со месеци ја злоупотребуваат темата за Алта банка и шират паника како што лажеа за мигрантите, за водата во Гостивар, за банкрот, за пензиите.

Прво ширеа паника за Алта банка, а кога документите и фактите излегоа на површина бегаат од одговори. Потоа ширеа приказни за наводна забрана на Алта банка за работа во Европската Унија поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор.

Реклама

Потоа СДСM ја плашеа јавноста со сценарија за пропаѓање на банката и губење на штедните влогови, а откако сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со личен напад кон претседателот Мицкоски.

Креирање страв, ширење лаги и манипулации се дел од политичката стратегија на СДСM со цел да остварат некој политички поен плус, а со тоа свесно и прават штета на државата.

Во однос на црните сценарија на Филипче и СДСM за економијата, Филипче самиот призна дека задолжувањата на владите на СДСM, Македонија ја чини скоро 25 милијарди денари за отплата на камати за кредити.

Во време на владите на СДСM задолжувањата растеле од година во година, а немаше никакви капитални инвестиции.

СДСM и ДУИ оставија финансиски и економски пустош во државата.

Сателитете од СДСM на чело со Филипче и Заев ја распродаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го наполнат сопствениот џеб, да инвестираат во Дубаи, да се луксузирааат на јахти по Егејот, да купуваат акции од авиокомпании.

Денес Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти.

Во октомври 2026 година годишната инфлација во Македонија изнесува 3,3%, а во 2022 за време на СДСM достигна 19,8%.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДСM и ДУИ, ја стабилизира економијата и ја води кон раст.

Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност.

Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември.

Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности.

Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој.

Разликата е јасна, СДСM и Филипче нудат лаги и паника, ВМРО-ДПМНЕ нуди работа, резултати и развој на државата.