Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори

Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДСМ се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче и СДСМ денес немаат одговори, туку молк и бегање од соочување со фактите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прво обвинуваа, па самите се најдоа во ситуација да објаснуваат зошто токму во нивно време биле направени чекори поврзани со продажбата на акциите. Ги претставуваа Давор Мацура и Алта банка како спорни, за на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија.

Второ, ширеа приказни за наводна забрана на Алта банка за работа во Европската Унија поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор.

Реклама

Трето, ја плашеа јавноста со сценарија за пропаѓање на банката и губење на штедните влогови, а откако сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со личен напад кон претседателот Мицкоски.

Бараа надзорна расправа во Собранието, па откако истата веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела, продолжетокот на истата се уште не знаат за кога да го закажат бидејќи вистината им се изнесе на виделина.

Филипче, доста со политички претстави.

Кој одлучувал? Кој молчел додека се отворала темата за влез на Алта Банка?  Кој шири паника? И зошто СДСМ денес нема храброст сите прашања да се отворат пред јавноста?

СДСМ не може да ја замени вистината со прес-конференции, ниту сопствената одговорност да ја сокрие зад напади врз други.

Помина времето на СДСМ и ДУИ кога банки пропаѓаа, а граѓаните беа оставени на цедило. Граѓаните да бидат спокојни ниту една банка нема да пропадне додека е Христијан Мицкоски премиер, а ВМРО-ДПМНЕ е на власт.