Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Искра Хаџи Василева ја презеде должноста шеф на ОЈО ГОКК од Ислам Абази

– Искра Хаџи Василева и официјално ја презеде функцијата раководителка на Основното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Искра Хаџи Василева и официјално ја презеде функцијата раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од досегашниот шеф Ислам Абази со примопредавање на должноста во просториите на ОЈО ГОКК.

По примопредавањето, Хаџи Василева и Абази ќе имаат и средба на државниот јавен обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана за раководителка на ОЈО ГОКК на изборите одржани на 28 октомври годинава кога освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче. За функцијата конкурираа и јавните обвинители Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ и Јован Цветановски.

Реклама

По давањето на свечената изјава пред Советот на јавните обвинители, новоизбраната раководителка порача дека нејзини главни приоритети ќе бидат ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на Обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Таа најави заложби за поефикасно користење на постојните капацитети и обезбедување дополнителни ресурси со цел постигнување подобри резултати во работата на Обвинителството.

Изборот на нов раководител на ОЈО ГОКК беше спроведен поради истекувањето на мандатот на досегашниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Хаџи Василева е втор шеф на ОЈО ГОКК што се избира на непосредни избори со тајно гласање од сите јавни обвинители во земјата.