Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Савески: Обвинителството интензивно работи на целосно разоткривање на околностите, исказот на жртвата е клучен доказ во истрагата за случајот во Охрид

Основно јавно обвинителство Охрид активно работи на целосно разоткривање на околностите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основно јавно обвинителство Охрид активно работи на целосно разоткривање на околностите за грозоморниот настан во Охрид – изјави државниот јавен обвинител Ненад Савески нагласувајќи дека се свесни за значењето на брзото и ефикасно постапување во вакви случаи, особено со оглед на опасноста од овој вид криминалитет и сите претходни случувања во нашата држава.

Савески, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со случајот со семејно насилство во Охрид, информира дека ги следи состојбите за случајот и има директни информации од раководителот на ОЈО Охрид нагласувајќи дека надлежниот јавен обвинител е во контакт со оштетената, а нејзиниот исказ има исклучително голема доказна вредност.

– Таму интензивно се работи на разоткривање на целата состојба на работите во овој случај. Ве уверувам дека Јавното обвинителство ги презема сите неопходни истражни дејства сè со цел да се расветли во целост овој случај – рече Савески.

Реклама

Тој додаде дека во текот на денот очекува да биде известен од надлежниот јавен обвинител и да донесе конечна јавнообвинителска одлука.

– Известен сум од надлежен јавен обвинител дека е во контакт со жртвата, односно оштетената во овој кривичноправен настан. Тој исказ ни е многу суштествен и од него ќе произлезат многу докази со голема доказна вредност. Во текот на денот треба да дојдеме до соодветна фактичка состојба, односно состојба на работите од јавнообвинителски аспект, по што ќе имаме официјално соопштение и за правната квалификација и за соодветната јавнообвинителска одлука – изјави Савески.

Прашан за квалификацијата на делото и зошто се работи за тешка телесна повреда при семејно насилство кога од сите елементи што излегоа во јавноста, ова асоцира и на обид за убиство затоа што девојката била грабната, тепана во автомобил, исфрлена во бессознание и не е побарана мерка притвор за сторителот, туку само мерки за претпазливост, Савески рече дека би било шпекулација да зборува за правната квалификација пред завршувањето на истражните дејства.

– Доколку би одговорил на вашето прашање и да утврдам соодветна правна квалификација, тоа би било мое шпекулирање бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере во истражната постапка, односно сè она што од истражните дејства ќе биде собрано како доказен материјал – изјави Савески.

Покрај постапката за главниот настап, Савески потврди дека се работи и на расветлување на дејствата преземени од страна на таткото на оштетената.

Во однос на таткото на насилникот, Савески рече дека се работи паралелно на расветлување на целиот случај и дека во текот на денот ќе има јавнообвинителска одлука за која јавноста ќе биде запознаена.