Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Манасиевски: Филипче се скри на „Бихаќска“ по откривањето на вистината за Алта банка

Филипче се скри на „Бихаќска“ по откривањето на вистината за Алта банка.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче се скри на „Бихаќска“ по откривањето на вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се утврди дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, тој е оној за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Со месеци говореа дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор.

Ширеа паника и хистерија дека банката ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без пари, па откога сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со личен напад кон претседателот Мицкоски.

Реклама

Бараа надзорна расправа во Собранието, па кога таа веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела, сè уште не знаат за кога да го закажат продолжетокот бидејќи вистината им се изнесе на виделина.

Ниту банка ќе пропадне ниту граѓаните ќе бидат оставени на цедило. Тоа беше во времето на СДСM. Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски се на страната на граѓаните, а Филипче и СДСM се на страната на криминалот.