Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Стопанската комора: Азески во Белград на состанок за формирање регионална организација за приватни марки

Денес, во Белград, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, учествува на конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, во Белград, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, учествува на конференција и основачки состанок на производната Adriatic Private Label Producer Group во организација на Adriatic Business Academy, Стопанската комора на Македонија и IPLC – International Private Label Consult (меѓународен консалтинг за приватни марки). На настанот, предводен и поддржан од претседателот Азески, присуствуваат и претставници од македонските компании „Алкалоид“ АД Скопје, „Комфи ангел“, „Лутман Баклунд фудс продакшн“ (Luthman Backlund Foods) и „Вивакс“ ДОО Скопје.

Оваа конференција и производна група ќе се обиде да ги обедини потенцијалот, искуството и капацитетите на производителите од регионот и под професионално водство на искусни експерти од IPLC – меѓународната асоцијација за приватна марка (Malachy O’Connor од IPLC од Ирска), да ја зголемат својaта конкурентност, да добијат нови купувачи и можности за поголем извоз. Посебна вредност на оваа иницијатива претставува поддршката од IPLC (International Private Label Consult) и нивните консултанти, кои со своето меѓународно искуство, познавање на пазарот на приватни трговски марки и контакти можат да им помогнат на производителите на приватни марки да ја унапредат својата понуда и да развијат соработка со нови купувачи.

Станува збор за креирање регионална организација за чие воспоставување денеска во Белград компаниите ќе работат тимови од компании присутни на настанот. Во рамките на активностите на групата, настанот ќе биде со посебен фокус на:

Реклама

· Подготовка и поддршка во преговорите со купувачите, преку подобро разбирање на нивните барања и очекувања;

· Унапредување на понудата и претставувањето на производствените капацитети;

· Размена на искуства и развој на соработката меѓу производителите од регионот.

Настанот претставува можност за размена на искуства, мислења и идеи, како и за разговор за потребите и развојните потенцијали на компаниите.

Стопанската комора во следниот период ќе биде силно насочена за поддршка на македонските компании за зголемување на нивните можности за извоз и преку овој бизнис модел на приватна марка. Поддршката ќе се однесува на овозможување на нивна професионална едукација и поврзување со потенцијални клиенти, добавувачи и соработници.