Општина Илинден соопшти дека возниот парк на ЈКП „Илинден“ е збогатен со нов камион „кипер“, кој ќе придонесе за побрзо, полесно и поефикасно извршување на секојдневните работни активности.
Посочуваат дека општината продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите на ЈКП „Илинден“, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги за граѓаните.

-Новото товарно возило ќе се користи за товарење и транспорт на растителен и кабаст отпад, како и за превоз на различни материјали потребни за извршување на комуналните активности. Со неговата употреба ќе се овозможи поголема оперативност на екипите, поефикасно одржување на јавната чистота и јавните површини, како и навремено спроведување на активностите на територијата на општината – истакнал градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Со оваа инвестиција дополнително се зајакнуваат техничките капацитети на ЈКП „Илинден“ и се создаваат подобри услови за непречено извршување на комуналните услуги, при што Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со вложувања во современа опрема и механизација, со цел обезбедување поквалитетни услуги, почиста животна средина и поуредени јавни површини за сите граѓани.

