Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и институциите мора да постапат во согласност со законите

ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид. Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите.

ВМРО-ДПМНЕ застанува зад Сара и нејзиното семејство, сочувствува со нив и повикува на итна и решителна реакција во заштита на правната држава и жртвите на насилство – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За насилството врз нема и нема да има место во Македонија. Затоа ги повикуваме институциите, во согласност со законите, да ги преземат сите мерки и активности за целосно расчистување на случајот, со цел сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

Реклама

Никој не е над законот и за конкретниот случај мора да има детална истрага и одговорност. Дополнително, доколку институциите, секоја во рамките на своите надлежности, не постапат и не реагираат во согласност со законите, сите одговорни ќе бидат повикани на одговорност.

Воедно, откако МВР постапило и го обезбедило осомничениот за насилството, надлежниот јавен обвинител го пуштил на слобода, со благи мерки на претпазливост и тактизира. Ова е скандалозно однесување на Обвинителството, за која мора да има одговорност.

Доколку постојат индиции дека кој било, дури и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или на незаконски начин да влијае врз постапката, мора веднаш да биде изведен пред лицето на правдата.

Институциите не смеат да имаат милост кон насилниците! Државата мора да реагира јасно, недвосмислено и во согласност со законите. Ниту еден случај на насилство врз жените не смее да помине неказнето.