Шпанија се соочува со ново засилување на мигрантската криза, откако за само еден ден на Канарските Острови пристигнале речиси 1.500 мигранти, што е најголем број од 2020 година. Повеќето од мигрантите потекнувале од Сенегал, Гамбија и Гвинеја. Атлантската мигрантска рута кон Канарските Острови важи за една од најсмртоносните во светот, а илјадници луѓе секоја година го ризикуваат животот обидувајќи се да ја поминат. Сепак, од почетокот на годината до крајот на октомври, бројот на пристигнати мигранти е 5,5 отсто помал во споредба со истиот период лани.