Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Прилози

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Модернизацијата на аеродромите и воведувањето на новите директни авио линии придонесоа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Модернизацијата на аеродромите и воведувањето на новите директни авио линии придонесоа за раст на бројот на туристите во земјава. Проекциите за еден милион туристи до крајот на годината, беше надминат уште во септември. Ова го потврди Државниот завод за статистика  кој изброи дека во првите девет месеци годинава споредено со истиот период лани, бројот на туристи  е поголем за три проценти, додека пак бројот на ноќевања на странците е зголемен за 4 проценти.

„Нашата амбиција беше на почетокот од годината да имаме милион туристи и три милиони преноќувања. Ние веќе сме, заклучно со септември на повеќе од милион и сто илјади туристи и скоро три милиони ноќевања, што значи дека ќе идеме над тоа што сме го превдиделе за цел. ПСоредено со третиот квартал лани имаме за 35.000 туристи повеќе и за сто илјади ноќевања повеќе што е добро, тоа е повеќе од шест проценти раст и по еднаста и по другата основа“, вели Премиерот Христијиан Мицкоски.  

Она што било зацртано да се исполни во 2030 година за бројот на патници, се исполнило четири години порано, вели Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Ова е уште поголем мотив за надлежните да продолжат да работат на стратегијата за привлекување на странски туристи.  Николоски, дополнително најави и нови чартер летови кои би слетувале на охридскиот аеродром .

Реклама

„Она што е мое очекување и сме многу блиску е едни големи чартер тури кои што почнуваат да се прават во државата кои што би значеле најмалку два авиони дневно со туристи надвор од сезоната во период од октомври до мај, да го потврдиме во следнава годинава и тоа да е додадена вредност на охридскиот аердором. Во однос на скопскиот исто така рушиме рекорди, очекувам само скопскиот аеродром да помине 3 милиони и 600 илјади патници и ако имаме малку среќа, очекувам до крајот на годината да имаме една убава церемнонија за четири милиони патници на двата аердодроми“, додаде Николоски.

А, за досегашниот раст на бројот на посетители во земјава придонесоа и директните линии до охридскиот аердром од полските градови Вроцлав и Катовице, а некој месец порано Охридскиот аеродром беше директно поврзан и со нова Линија до Милано, До Скопскиот аеродром од месец март во функција беа линиите Неапол и Будимпешта, а се воведоа малку подоцна и дректни летови до Палермо и Алегро до Италија и Трабзон и Самсун во Турција. За следната година дговорено е враќање и на летовите кон ОАЕ, а се отвора и директна линија до Тиват, кој ќе биде поврзан со линијата Скопје – Подгорица и обратно.