Активирањето на целокупните капацитети од фосилни горива за производство на струја во време на глобалнба енергетска криза се оправдан чекор, сметаат експертите. Иако ставањето во погон на РЕК Битола во целост и ТЕЦ Неготино ќе имаат повисока емисија на јаглероден отпечаток се косат со договорот за климатски промени, сепак заштитата на стандардот на граѓаните треба да биде приоритет на Владата, со што речиси и во целост се оправдува вклучувањето на овие капацитети. Во време на еномрно високи цени на струјата, гасењето на нуклеарните централи и немањето вода во енергетските системи во Европа ќе придонесат за низа рестрикции кон граѓаните на Европската Унијата, но во Македонија тоа нема да биде случај. Експертите додаваат дека активирањето на капацитетите од фосилни горива за производство на струја секогаш треба да се крајна нужда и никако не треба да се занемарат политиките на Владата за инвестиции и поддршка на обновливите извори на струја.
„Сите знаеме дека ланската цена и предвидената цена за оваа година од некои 65 евра за мегаватчас е под производните трошоци, што ги имаат нашите термоцентрали. Она што во иднина во оваа да речеме кризна ситуација, во иднина ќе мора повеќе да се работи на енергетската ефикасност, на обновливите извори на енергија, на складирањето на енергија, така да одиме по онаа зацртана рута на енергетските политки повеќегодишни за да ги елеминираме и доста намалиме овие извори на електрична енергија од кои се снабдуваме“, ијзави Тони Србиновски, ЕУРЕМ Енергетски менаџер.
Според Србиновски, капацитетот на хидроцентралите е на задоволително ниво и очекува производство на струја да биде слично како лани. Но, Србиновски додадава дека е потребно Владата да продолжи со реализација за дополнително искористување на сите капацитети кои ќе обезбедат долгорочна стабилност во електро-енергетскиот сектор.
„Точно дека фотоволтаиците во овој период даваат помалку, но со идни инвестиции со користење на хидроцентралите и нивниот потенцијал како батериски системи би требало да сенемали да се намали оваа зависност од конвенционалните горива, од јагленот и од нафтата“, дополни Србиновски.
Во моментов цената на струјата на светските берзи инесува 500 евра. Владата пак најави дека тие ќе направат се што е во нивна моќ, во време на алармантна состојба во Европа, тоа да не се почуствува драстично и во Македонија.

